Реклама
Интервју

Целата планета ја чувствувам како мој дом, а Охрид е единственото место со кое се чувствувам исконски поврзан

Доколку ја сакате неговата музика вашето присуство е задолжително на 26 октомври во Јавна соба, во рамките на фестивалот „Milk & Blues“.

Реклама

Каде што е џезот таму e и  тој, односно, не, таму каде што  е ТОЈ, е таму е џезот! Владимир Василески -Четкар, човекот кој е македонски музички амасадор наскоро ќе има настап пред македоснката публика.

Доколку ја сакате неговата музика вашето присуство е задолжително на 26 октомври во Јавна соба, во рамките на фестивалот „Milk & Blues“.

Маркетинг

Ова  е прво издание на овој фестивал кој во текот на месец октомври ни нуди богата програма од културата како концерти, така и стендапи, изложби и сл.

Маркетинг

Повод за нашата средба со Четкар, која ја израелизиравме преку Интернет, со оглед на тоа што тој  перидов е во Јужна Кореја, каде настапи на фестивалот „Jarasum jaz festival“.

Четкар, за почеток поздрав до вас. Ви благодариме што успеавте да најдете време и да го изреализираме овој разговор. За почеток  ќе ни кажете ли на кој начин се подготвувате за претстојниот концерт? Што треба да очекува скопската публика на 26 октомври во Јавна соба?

Поздрав од Јужна Кореа, поздрав до сите читатели на Гламур.мк. Концертот во Скопје во „Јавна Соба“ ќе биде точно помеѓу мојата aзиска и aмеричка турнеја. Ќе ја свирам својата  авторска музика  а публиката во Скопје може да очекува еден прекрасен спој на врвна уметност и одлична забава.

Со оглед на тоа дека вие настапувате на сите точки од светот, понекогаш и без ниту еден Македонец во публиката има ли разлика во чувствата кога настапувате пред македонскиот народ?

Искрено мислам дека нема вистинска разлика пред која публика настапувам бидејќи за мене како музички артист најбитно е контактот кој ќе го остварам со неа да е искрен. После тоа постои само љубов, музика и позитивна енергија.

Вие сте еден светски патник, „номад“, што е за вас дефиниција за дома?

Суштински сум космополит и целата планета ја чувствувам како мој дом. Кога патувам секаде учам по нешто ново, станувам побогат, а со тоа на некој необјаснив начин истовремено повеќе се осознавам и себеси.

Сепак Охрид е единственото место со кое се чувствувам исконски поврзан. Каде и да патувам низ светот Охрид ми е главната станица и чувството на спокој кое го добивам таму е незаменливо.

Како еден наш музички амбасадор, благодарни сме што вашата песна го обиколи светот. На колкумина, странци, досега сте им објаснувале каде точно се наоѓа Македонија. Се соочувате ли често со вакви ситуации или полека светот дознава за нашата татковина?

Секогаш со огромна страст  ја промовирам Македонија. Љубовта кон татковината е искрена само тогаш кога не е исполитизирана и е без задни намери. Тоа најдобро се прави со уметноста бидејќи кога со неа ќе  ги чепнеш срцата  на странската публика тогаш таа истовремено добива симпатии и позитивни чувства и за твоето потекло и земја.

Дали песната „A new day“, е предвесник за нов албум ?

Да, „A new day“ е првиот сингл кој ќе се најде на мојот нов студиски албум на кој моментално работам и кој ќе биде готов до Март 2023 година.

Во Декември и Јануари ќе ги продолжам снимањата на албумот во неколку студија во САД како Electrical Audio во Чикаго и Hi-Fi Studios во Милвоки а паралелно со тоа ќе имам и Америчка турнеја која ќе ги опфати градовите  Њујорк, Чикаго, Кливленд, Колумбус, Детроит и Сан Франциско.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button