Ниту една свадба не поминува без оваа песна! – Нема да верувате како настана хитот „Ако те питају“
Ниту една свадба во последниве години не започнала без оваа песна.
„Ако те питају“ стана песна која многу вљубени парови споила и станала химна на нивната љубов.
Но нема да верувате како настанала оваа песна.
Петар Грашо и Тони Хулиќ во една прилика раскажаа како настанала оваа преубава балада.
– Се е добро, но не доволно добро,песната од одма немаше грешка, а песната немаше емоција, рекол Грашо, тогаш Тончи се обидел да најде решение за оваа песна и во целост од неа да направи хит кој и ден денес се слуша.
– Беше некаде околу десет, единаесет часот наутро, јас се подготвувам за состанок и Петар Грашо ми ја праќа песната, а јас ја слушам во автомобил и ми паѓа мрак на очи.
Заборави го ова веднаш, доаѓам дома, му реков веднаш, ги откажав сите состаноци кои ги имав зошто морав да одам дома, а во автообилот го напишав рефренот на песната, рекол Тончи во емисијата Амиџиќ шоу.
Ако те питају , ја направив за две минути, заврши Тончи.
Доказ дека и една минута труд знае да вреди повеќе отколку да се пишува со денови и ноќи.
Петар и Тончи повеќе од 20 години соработуваат заедно, па во знак на долгодишната соработка тие направија и песна и заедно ја отпееја.
„Инаморана“ што Тончи Хуљиќ и Петар Грашо деновиве ја снимија заедно е своевидна ода на љубовта, за која двајцата музички мајстори снимија и многу духовито видео.
Хуљиќ откри дека со Грашо работат на финиширањето на неговото ново цеде, па бидејќи се постојано заедно во студио, некако природно дошло и заедно да снимат – песна.
-Јас се нешто посакувам да го отпеам тоа што сум го напишал за него и да ја упопастам работата, тој пак сака да пее нешто што осум напишал за себе и така се најдовме на половина пат – изјави Хуљиќ.
ФОТО: Тони Хулиќ / Инстаграм
Често знаат новинарите да го прашаат Тони како е да се има зет како што е Петар Грашо.
– Јас и Петар се познаваме долги години, соработуаме заедно, и ние веќе бевме фамилија, но сега само се официјализиравме, низ насмевка изјави текстописецот.
ФОТО: Тони Хулиќ / Инстаграм
ФОТО: Тони Хулиќ / Инстаграм
ФОТО: Тони Хулиќ / Инстаграм
ФОТО: Тони Хулиќ / Инстаграм
ФОТО: Тони Хулиќ / Инстаграм
ФОТО: Тони Хулиќ / Инстаграм
ФОТО: Тони Хулиќ / Инстаграм
ФОТО: Тони Хулиќ / Инстаграм