Синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ Вељко, објави фотографии од тренинг за боксерските натпревари на социјалните мрежи, но и слики и снимки од неговото семејство.
Во последната објава тој го спои „убавото со корисното“, па отиде на трчање со неговата сопруга Богдана, која ја снимаше цело време.
Иако сакаше да застане двапати, Вељко не и дозволи „под закана дека ќе ја снима секогаш кога ќе застане“, а потоа ја бодреше дека е „Роки Балбоа“.
Богдана откако се породи постојано се грижи за својата линија па често одеше во сала за вежбање.
Таа по два месеца откако се породи воодушеви со нејзиниот изглед.
Освен правилниот начин на исхрана и генетика, Богдана со своите следбеници сподели фотографија на која се гледа дека вредно тренира во теретана, што е всушност одговор на веќе поставеното прашање.
Неодаман Вељко Ражњатовиќ беше гостин во една емисија и таму откри многу детали од неговиот приватен живот, но и откри дека Богдана му е најголемата поддршка.
Боксерот Вељко Ражнатовиќ беше гостин во емисијата „Whatzuuuup“ на телевизија Red. Тој во своето интервју зборуваше за тоа колку ми било тешко што поради короната не се одржуваат боксерските натпревари, па откри дека жена му Богдана му е најголема поддршка.
„Би бил пресреќен кога би дозволиле да се одигра државното првенство. Мојата жена е лесна, но мајка ми и остантите жени во домот… Жена ми ме следи на сите натпревари“ – рече Жељко.
Вељко како мал сакал да пее заедно со својата сестра Анастасија, а во емисијата раскажа и дали и денес знае да се фати за микрофонот, како и поради што не тргнал по стапките на својата мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ.
„И денес сакам да пеам, сакам да се фатам за микрофонот да пеам кога ќе се напијам еднаш во годината. Но, никогаш не сум имал желба да правам кариера од тоа, сметам дека можам да направам многу повеќе од тоа.
Не би бил среќен и исполнет, доколку не го работам она што го работам сега. Тренирав фудбал 7 години, па почнав поинаку да размислувам од соиграчите, не сакав да бидам во друштво за кое сметам дека не е мое“ – истакна Ражнатовиќ.
На самиот крај на разговорот, Вељко зборуваше и за својот син Жељко и секојдневната радост која тој му ја носи.
„Главната причина за среќа во животот и секој ден имам чест да бидам татко на едно дете“ – рече Вељко.
Богдана и Цеца многу добро се согласуваат тие се вистински пријателки, не само снаа и свекрва. Постојано заедно го поминуваат времето кога се сами, и навистина знаат да уживаат.
Цеца толку беше пресреќна што доби внук, па радоста не ја сокри ни од јавноста.
За потсетување Цеца и испрати емотивна порака на својата снаа Богдана на денот кога на свет го донесе малиот Жељко.
– „Убавице моја, ти благодарам за најубавиот подарок кој го добив од тебе, внукот Жељко. Весело, храбро мое девојче, многу те сакам“, напиша пред неколку месеци баба Цеца под фотографијата од Богдана.
ФОТО: Вељко Ражњатовиќ / Инстаграм
ФОТО: Вељко Ражњатовиќ / Инстаграм
ФОТО: Вељко Ражњатовиќ / Инстаграм
ФОТО: Вељко Ражњатовиќ / Инстаграм