Каква трансформација: Кејт Мос до неодамна важеше за една од најпознатите манекенки – погледнете како изгледа сега!
Кејт Мос е една од најпознатите манекенки во историјата и сите ја памтат како изразито слаба девојка со женствен „гранџ“ стил.
Но манекенката овој пат ги шокираше сите со својот нов изглед. Имено фотографите ја фатија додека се шеташе на улица со една нејзина пријателка и нејзиното куче Арчи, а во рацете носеше божиќни подароци. Таа изгледаше потполно опуштено и покажа дека вишокот килограми воопшто не и пречи, а нејзините обожаватели се сложија со неа и прокоментираа дека ова е позитивна промена во животот на Кејт.
Брзото дебелеење некои го препишуваат и на нејзиното неодамнешно наводно лечење од зависност од алкохол. Таа во едно интервју изјави дека сака да добие дете и дека одлучила да престане да пие алкохол односно дека сé што ја спречува во нејзината желба да биде мајка ќе го исфрли од својот живот. Кејт своето срце му го даде на аристократот Николај вон Бизмарк, а и двајцата се надеваат дека во скоро време ќе станат родители.
Поради ова и некои медиуми претпоставуваат дека токму бременоста е причина за нејзиното дебелеење, но Британката се уште никаде не даде никаков знак дека тоа би можело да биде вистина.
Инаку тоа би било второ дете на поранешната манекенка. Кејт веќе има 15 годишна ќерка Лила Грејс која ја доби додека беше во врска со новинарот и издавачот Џаферсон Хак. Таа иако сега ужива со Бисмарк пред него помина вистински пекол во турболентната врска со Питер Доерти, а немаше многу среќа ни од петгодишниот брак со рокерот Џејми Хинс.