Реклама
Наши ѕвезди

Ќе се изненадите од гласот на оваа згодна Македонка од Швајцарија: Пее од 14 години, на сцената растура

Пеам од 14 години, на 19 заминав во Турција

Реклама

Драгана Суљкановиќ (43), струмичанката што веќе долго време живее и работи во Швајцарија, повторно ги воодушеви сите со својот настап во „Никогаш не е доцна“.

Како што самата откри во последната емисија, од мала сонувала да стане пејачка, а голем идол и била Лепа Брена.

Маркетинг
Принтскрин, Јутјуб, Никогаш не е доцна

„Мојот прв бенд беше правосмукалката, а мој идол беше Лепа Брена. Секогаш кога мајка ми ќе ме истепаше, јас и кажував дека ќе и напишам писмо на Брена и дека ќе одам кај неа да бидам нејзино дете (насмевка). Од 14 години почнав да пеам, на 19 заминав во Турција и таму пеев 5 години“, раскажа натпреварувачката и додаде дека во шоуто за ветерани се пријавила за да го оствари својот сон и за да го однесе познатиот музичар и водител Жика Јакшиќ во Швајцарија, заради „непристојниот“ предлог што му го даде минатиот пат.

Маркетинг
Принтскрин, Јутјуб, Никогаш не е доцна

Таа исто така призна дека ослабнала од трема и дека заради шоуто не спиела со денови, а Тамара Грујиќ, која беше гостинка во оваа емисија, во шега и кажа дека најверојатно се збунила заради дилемата дали да го води Маре или Жика во Швајцарија.

Принтскрин, Јутјуб, Никогаш не е доцна

Во ревијалниот дел од натпреварот на Драгана друштво на сцената и правеше Стево Јованов, со кого таа настапува и во Швајцарија.

Принтскрин, Јутјуб, Никогаш не е доцна

Тие двајцата ја испеаја песната Југословенка и направија лом, а како звучеше сето ова, погледнете и слушнете во продолжение…

Принтскрин, Јутјуб, Никогаш не е доцна

Принтскрин, Јутјуб, Никогаш не е доцна

Драгана или Бојан, за кого би гласале?

Но и покрај генијалниот настап, правилата се такви што не може секој да го продолжи натпреварот, а по одлука на жирито, Драгана за да помине во следниот круг треба да го победи својот колега Бојан Великанац на Фејсбук гласање кое трае до вторник на полноќ.

Па доколку сакате струмичанката да го продолжи натпреварот остануваат помалку од 48 часа за да гласате за неа, а тоа можете да го направите ТУКА и да го изберете кандидатот за кој ќе гласате.

Во моментов Драгана води со мала предност, па ајде сите да гласаме и да и помогнеме да го продолжи шоуто.

Кликнете ТУКА и гласајте за вашиот фаворит…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button