Реклама
Холивуд

Ја криеше бременоста, а сега сподели среќни вести: Познатата актерка се породи на 47 години. Еве како ќе се вика девојчето

Реклама

Холивудската актерка доби ќерка

Фото: Инстаграм/ Камерон Дијаз

Камерон Дијаз (47) се породи и на свет ја донесе ќерката Радикс Маден со својот сопруг Бенџамин Маден.

Познатата холивудска актерка на почетокот ја криеше бременоста и повеќе пати демантираше дека е во блажена состојба, сега одлучи пред јавноста да ја обелодени и сподели среќната вест.

Маркетинг

Таа се огласи преку социјалните мрежи и пред своите фанови соопшти дека се породила и добила ќерка.

Фото: Инстаграм/ Камерон Дијаз

„Среќна Нова година од Маденови. Толку сме среќни, благословени и благодарни што оваа нова декада ја започнавме со објава за раѓањето на нашата ќерка Радикс Маден. Таа моментално ги освојува нашите срца и го потполни нашето семејство. И додека од една страна сме пресреќни да ја споделиме оваа вест, исто така имаме инстинкт да ја заштитиме приватноста на нашето малечко. Затоа нема да објавуваме слики или да споделуваме и други детали, освен фактот дека навистина, навистина е слатка! Некои би кажале и импресивна. Од нашето семејство, до сите вас, ви испраќаме љубов и најубави желби за среќна Нова година и среќна нова декада. Искрено, Камерон и Бенџ“.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button