Реклама
TV

Што се случува со турската актерка од серијата „Езел“ и „Сулејман Величествениот“ која „исчезна“ по разорниот земјотрес?

Реклама

Откако медиумите ја „закопаа“, испливаа нови информации дека познатата актерка, сепак, не исчезнала во рушевините.

Фото: Инстаграм/ Џансу Дере

Познатата турска ѕвезда Џансу Дере ги загрижи своите бројни обожаватели откако медиумите објавија дека на актерката и се губи секој траг по разорниот земјотрес што минатиот понеделник го погоди југот на нивната земја. И бидејќи оттогаш воопшто се нема огласено ни на својот профил на социјалните мрежи, во медиумите почнаа да кружат разни информации и дезинформации.

Многумина се запрашаа дали Џансу е една од жртвите кои сега ги има повеќе од 36 илјади според последните официјални податоци? И додека бројните турски, но и европски портали ја објавија веста дека познатата актерка исчезнала, во медиумите се појавија фотографии на кои се гледа лице кое многу личи на неа како помага околу пакувањето на хуманитарна помош во друштво со уште неколку други турски ѕвезди.

Маркетинг

На почетокот не беше потврдено дека станува збор за неа, но сепак беше доволно малку да ги смири нејзините бројни загрижени фанови.

Маркетинг

Како што пренесуваат медиумите, 41-годишната Џансу на социјалните мрежи не се огласила од 5 јануари. Ова ги згрижи нејзините фанови, а веста дека актерката исчезнала по земјотресот прв ја објави шпански медиум.

Фото: Инстаграм

Во меѓувреме во медиумите се појави и информација која што ја сподели турскиот новинар Бирсен Алтунтас, кој изјавил дека актерката им помага на граѓаните кои останале без кров над главата, и тоа во соработка со „Дизни“ и „Фокс“, и дека нејзината куќа се наоѓа во епицентарот на потресот.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија и други видеа од кои може да се види како познатата актерка напорно работи со екипата во подготовката на помошта на сите оние што останале без кров над главата.

Фото: Инстаграм/ Џансу Дере

Инаку, Џансу е една од најплатените и најангажираните турски актерки, а нашата публика ја засака по улогите во хит сериите „Сулејман Величествениот“, „Сила“ и „Езел“.

Таа во „Езел“ го толкваше ликот на Ејшан Атај, најголемата љубов на главниот јунак Езел кој го играше Кенан Имирзалиоглу.

Фото: Принтскрин

Но и покрај големата популарност, Џансу реши да заборави на својата слава и во овие тешки моменти му се придружи на својот народ и макотрпно им помага на сите оние на кои име потребна помош.

Фото: Инстаграм/ Џансу Дере

Фото: Инстаграм/ Џансу Дере

Фото: Инстаграм/ Џансу Дере

Фото: Инстаграм/ Џансу Дере

Фото: Инстаграм/ Џансу Дере

Фото: Инстаграм/ Џансу Дере

Фото: Инстаграм/ Џансу Дере

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Инстаграм/ Џансу Дере

Фото: Инстаграм/ Џансу Дере

Фото: Инстаграм/ Џансу Дере

Фото: Инстаграм/ Џансу Дере

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button