Реклама
Наши ѕвезди

Што се случува со Боки 13 – во рацете женска чанта со неверојатна цена, многу дами му завидуваат

Ослободен од сите обвинувања, со подигната глава и подготвен за нови предизвици во животот

Реклама

Многумина не можат да го препознаат

Шоуменот Бојан Јовановски попознат како Боки 13 откако и официјално е ослободен од сите обвинувања.

Апелациониот суд донесе одлука дека му се укинува пресудата за кривично дело превара, откако тој поднесе жалба.

Маркетинг

И тој сега и официјално е слободен граѓанин, а откако беше донесена одлуката Боки објави неколку објави на Инстаграм.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Од нив можеме да видиме како Боки изгледа сега, од што многумина беа изненадени, но и што му се случува и како последните денови, откако е целосно слободен човек, го минува времето.

„Кога подобро ќе размислам низ што се пројдов добро е и што сум жив, па затоа главата горе и борбата продолжува!“, напиша Боки под фотографијата на која облечена од глава до пети во брендирана облека се шета низ градот, а потоа додаде и еден цитат за животот и болката од познатиот писател и нобеловец Иво Андриќ.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

„’Она што не боли – тоа не е живот, она што не поминува – тоа не е среќа’ – Иво Андриќ“, напиша Боки во описот на фотографијата.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Покрај оваа објава, Боки сподели и неколку Инстаграм приказни, а пред само еден ден сподели и неколку селфи фотографии со својот пријател Сергеј Варошлија, за кого го напиша следново:

„Со човекот кој остана со мене и во најголемото зло… И не само што остана покрај мене, туку ми беше вистинска поддршка и ми пружи помош кога многу од пријателите „магично“ исчезнаа и одеднаш ми станаа непријатели. Те сакам засекогаш, Сергеј Варошлија“, напиша Боки тогаш на својот Инстаграм.

Повторно луксуз на сите страни

Инаку, Боки на своите последни фотографии позираше во брендирана облека од глава до пети.

Фото: Принтскрин

Тој носеше кафеав капут и чизми во слична нијанса, но вниманието го украде големата женска чанта од култниот дизајнерски бренди Сен Лорен која на интернет чини неколку илјади евра.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Ова секако дека не е единствената скапа чанта во плакарот на Боки кој е познат по тоа што женските чанти му се „слаба страна“.

Но она што пријатно ги изненади неговите следбеници беше и коментарот што го остави под една од овие фотографии.

„Силата е во духот“, напиша тој.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Потсетуваме, пресудата со која Боки беше обвинет и осуден е укината и тој сега официјално е слободен од сите обвинувања.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button