Реклама
Наши ѕвезди

Цеца не крие колку се гордее со големиот успех на Мики Секуловски – еве што му порача преку Инстаграм

Еве од што најмногу зависи победата, но и кога ќе биде финалето на популарното шоу

Реклама

Многумина сметаат дека во шоуто конечно се појави рокер кој може да им парира на Исак Шабановиќ и Александар Јосифовски, а тоа е уште еден пејач од Македонија, Мики Секуловски.

Кандидатите полека се приближуваат кон финалето, а балканската фолк-дива Светлана Цеца Ражнатовиќ не ја крие возбудата што неколкумина од нејзиниот тим ќе се натпреваруваат за победа во најпопуларното музичко шоу во регионот, „Ѕвездите на Гранд“.

Таа својата возбуда ја сподели и на социјалните мрежи, објавувајќи снимки од настапите на нејзините фаворити.

Маркетинг

Еден од нив секако е Мики Секуловски кој во последниот круг никого не остави рамнодушен и дефинитивни важи за еден од финалистите.

Маркетинг
Браво мајсторе, му порача Цеца преку Инстаграм на Мики

Како што самата изјави во една од претходните сезони, нејзините очекувања се што повеќе кандидати да донесе до самото финале.

„Немам други очекувања, важно е да се учествува. За кариерата апсолутно не е важно да се победи, тие сите веќе се победници“, изјави тогаш Цеца за кандидатите истакнувајќи дека за секој што ќе стигне до финалето тоа е огромен успех и дека сите заслужуваат внимание и им посакува голем успех.

Принтскрин/ Инстаграм

Таа тогаш исто така истакна дека покрај Босна, чии гледачи од година во година се активно го следат шоуто и гласаат за своите пејачи, во последно време и Македонија е се поактивна.

Тоа можевме да го видиме по пласманот на Јосифовски, потоа по минатогодишната победата на Славица Ангелова, па големи се очекувањата и годинава за Мики Секуловски.

Фото: Притскрин/ Ѕвездите на Гранд

Цеца сега го сподели неговиот последен настап кога Мики со изведбата на „Рујна зоро“ буквално растури на сцената.

Имено, Мики со неговиот енергичен настап и неверојатен глас уште еднаш на сите им покажа дека конечно некој може да им парира на Исак Шабановиќ и Александар Јосифовски кои благодарение токму на ова шоу се прославија и кои сега успешно ја градат својата кариера.

Фото: Притскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потсетуваме, најгледаното музичко шоу на Балканот, „Ѕвездите на Гранд“, полека се движи кон својот спектакуларен крај.

И оваа година, седумнаесетта по ред, ласкавата титула на ѕвезда на најголемата продукциска куќа во регионот ќе ја однесе само еден пејач, а креативниот директор на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, неодамна пред камерите откри кога ќе се случи тоа.

Фото: Притскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој во една од претходните емисии откри дека финалето ќе биде на 8 јуни, а Цеца на овој коментар веднаш реагираше.

Човече, не можам да издржам повеќе (смеење)! – се пошегува познатата пејачка која му е менторка на Мики.

Фото: Притскрин/ Ѕвездите на Гранд

Инаку, минатата година во спектакуларното финале победата ја однесе пејачката од Македонија, Славица Ангелова. Таа тогаш ги бранеше боите на тимот на рокерот Ѓорѓе Давид, а кој оваа сезона ќе стигне до финалето и ќе триумфира останува да видиме за неколку недели.

Фото: Притскрин/ Ѕвездите на Гранд

Покрај Мики од Македонија ова година одлично се покажаа и Андријана Петрушовска и Омар Џаферовски, а дали некој од нив ќе стигне до крајот, а потоа и ќе биде избран за победник, ќе дознаеме наскоро, но можеме и да помогнеме така што ќе гласаме за нив.

Фото: Притскрин/ Ѕвездите на Гранд

Па, што мислите, кој од нив најмногу го заслужува вашиот глас?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button