Реклама
Вирално

Цела Хрватска во шок, но дали во Македонија е поразлично? Две девојки крвнички се тепаат, а нивните другари снимаат и навиваат!

Реклама

И на Балканот ништо ново …

Видеото што деновиве се појави на Јутјуб а на кое се гледа како две млади средношколки од Сплит брутално се тепаат сред улица, а другите ученици ги снимаат со своите мобилни и не презимаат ништо, ја згрози целокупната јавност. Грозниот настан се случи во близина на полициска станица, и го преставува сето она што НЕ треба да го прават помладите генерации, но и вистинска слика за тоа во каква средина растат нашите деца. Од една страна ги имаме младите девојки кои крвнички се тепаат, а од другата – нивните врсници кои стојат од страна, бездушно навиваат и ги снимаат. Но зарем не е такво и целото наше општество, каде насилството и омразата станаа „професија“, па наместо најмладите да ги насочуваме кон вистинските вредности, преставуваме лош и опасен пример? Не ретко се случува и кај нас најмладите својот револт да го искажуваат со тепачки во школите, низ маала, во автобуси… Тоа е така бидејќи истите се задоени со омраза која е сеприсутна и која на тој начин, кога не е санкционирана, постојано се мултиплицира во општеството, а за тоа (нај)виновни се родителите. И затоа не треба да се чудиме зошто насилството се провлекува низ нивните животи, а тоа ќе биде така и кога еден ден овие деца ќе стапа во брак и ќе станат родители.

Маркетинг

 

Маркетинг

Што мислите, каде погрешивме?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button