Реклама
Холивуд

Уште една тајна венчавка во Холивуд: Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт се заколнаа на вечна љубов – погледнете ги првите фотографии

Реклама

Познатата поп-пејачка Мајли Сајрус и актерот Лијам Хемсворт се свршија уште во 2012 година, но во меѓувреме тие раскинуваа неколку пати.

Но се чини дека сега, поточно претходниот викенд, конечно одлучија да застанат на лудиот камен, и тоа во тајност.

Маркетинг

Имено, парот се венчаше во Нешвил, а присутни беа само членови од семејството и најблиските пријатели. Ова го соопштија бројни странски медиуми, но и еден од гостите во своите „Инстанграм приказни“ кој сподели неколку фотографии и видео од свадбената прослава и истите завршија пред очите на обожавателите од целиот свет. На нив јасно се гледа дека Мајли носи бел фустан, додека заедно со Лиам, кој е во костум, ја сече свадбена торта.

https://www.instagram.com/p/BrxJ4IdgKpe/

Маркетинг

 

Другите фотографии и видеа покажуваат како згодните браќа Хемсворт наздравуваат со пијалаци, а на едно од видеата во позадина се гледаат балони во форма на титули. „Mr.“ и „Mrs.“ (господин и госпоѓа), па воопшто не се сомневаме дека нивната свадба навистина се случила.

https://www.instagram.com/p/BrxQrAjoNz-/

 

Затоа ја користиме приликата да му честитаме на среќниот пар и да им посакаме среќа во брачниот живот.

https://www.instagram.com/p/BrxW1PZAAWU/

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button