Реклама
Вирално

Уште еден познат актер позитивен на новиот корона вирус – веднаш е изолиран!

Реклама

Тој реши да го сподели своето искуство

Познатиот британски актер Идрис Елба преку својот профил на Твитер соопшти дека е тестиран на корона вирусот и дека резултатите се позитивни.

Маркетинг

„ОК се чувствувам, немам симптоми до сега, но изолиран сум откако дознав дека сум изложен на вирусот. Останете дома, луѓе, бидете прагматични. Ќе ве известувам за мојата состојба. Без паника“, напиша Елба на споменатата социјална мрежа, со видео што го сподели со своите фанови.

Идрис Елба има 47 години и познат е по филмовите „Прометеј“, „Битката за Пацификот“ и „Тор“.

Инаку тој не е единствениот познат актер кој е заразен од овој вирус. И неговиот колега Том Хенкс кој важи за еден од најдобрите актери во Холивуд заедно со својата сопруга Рита Вилсон се заразени и се во изолација во Австралија.

По соопштението на социјалните мрежи дека Хенкс и неговата сопруга имаат корона вирус, почнаа да пристигаат коментари од сите страни.

Хенкс самиот на Твитер и Инстаграм објави соопштение дека и двајцата се наоѓаат во карантин во Австралија.

„Проклетство. Зошто во се мора да бидеш прв? Прв доби Оскар, прв доби Еми награда, па сега си прв од Холивуд што доби коронавирус. Држи се брате, ќе се молам за тебе и за твојата сопруга“, му порачува еден фан.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button