Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Утре им е именден: Што значат имињата Антонио и Антонија?

Реклама

Оригиналната форма на името е: Antonius.

Името има латинско потекло. Значење на името: го означува оној што е од родот на Антониите и веројатно има етрурско потекло. Според друго толкување, произлегува од старогрчкото Άντώνιος што значи „скапоцен“, „бесценет“.

Маркетинг

„Антониј“,е римски предокски назив на оригиналното потекло на грчкиот збор „антео, антао“ што значи „подготвен за борба, конкуренција“. Најчести имиња на мажи и жени по земја, град, регион и според возраста, со анализа на трендови. Во нашата база на податоци, се разбира, имате пристап и до значењето на секое од овие имиња.

Женската верзија од оваа име е Антонина, Антонија.Таа означува бесценета, скапоцена. Името има латинско потекло, женска форма на името Антониј. Варијации на името: Антонина, Антоанина, Антоанета…Светата маченичка Антонина се прославува на 1 мрат, таа е родена во Никеја. Бог ѝ ја спаси душата и ја прослави за навек меѓу небесните ангели и верниците на земјата.

Маркетинг

Светецот Преподобен Антониј Велики се празнува на 30 јануари.Подвизувањето е старо колку и христијанството. Но во почетокот личностите што се подвизувале не ги напуштале населените места и не оделе во пустини, пештери и сл. туку останувале во градовите или селата и тука се подвизувале сами или во помали групи. Монаштвото првите примери ги имало во ликовите на преподобните Павел Тивејски и Антониј Велики.

Свети Антониј Велики е роден во 251 година во среден Египет. На 20-годишна возраст му починале родителите и тој заедно со сестра му го наследиле нивното богатство. Откако во црквата ги слушнал зборовите на Исус „Ако сакаш да бидеш совршен, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по мене.“ (Матеј, 19/21) еден дел од имотот го продал и ја сместил сестра си во еден дом за девојки, другиот дел од имотот го раздал на сиромаси, а тој го започнал подвижничкиот живот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button