Реклама
Наши ѕвезди

Тешко е да создаваш хумор по големата општествена рана што ни се случи со Вања – комичарот Марјан Георгиевски

Комичарот на 20 декември ве повикува на урнебесна претстава траги-комедија „Железно небо“ во „Кино Милениум“ во Скопје.

Реклама

Актерот Маријан Георгиевски од Битола, познат по стендапите кои го креваат расположението  беше гостин во поткастот кај Стефан Лазаров.

Комичарот зборуваше за тоа како е тешко да се живее по големата трагедија што ни се случи. Двојното убиство, смртта на малата Вања ги измести вредностите во нашето општество.

Ние нешто се обидуваме да бидеме расположени, да шириме забава предновогодишно, но тешко е по тоа што ни се се случи да се смееме – вели Марјан.

Маркетинг

Комичарот на 20 декември ве повикува на урнебесна претстава траги-комедија „Железно небо“ во „Кино Милениум“ во Скопје.

Маркетинг

Во интервјуто Марјан открива за публиката дека бил многу дебело дете, дека живеел во  ромско маало и дека го имал најубавото детство на свет. Се дружеле со ромските деца играле фудбал и имало многу забава и смешки на кои и денес се сеќава, тогаш не бил познат зборот дискриминација во нивниот речник.

Маријан вели дека неговите родители не биле богати, дека знае како е да немаш многу работи што ги посакувал, но затоа од нив ја имал маскимално целата поддршка во животот и ја има до ден денес.

Тој зборува и за тоа дека за да се биде актер во Македонија е многу тешко.

Тоа ти е професија во наследство, вели Георгиевски, како и кај докторите, додава тој ни смеа.

Маријан завршил средно стручно техничко „за да поправа телевизори“. Бидејќи во неговото семесјтво не било толку важно да се заврши факултет доколку не сакаш, но задолжително било да занеш занает.

Првото искуство со теаатарот му било во основно училиште, но за жал разочарувачко. Се пријавил да учествува во училишната драма за една од улогите, но не го одбрале бидејќи најверојатно не се покажал како добар. Оттогаш се налутил и си рекол „ќе им покажам“.

И покрај тоа што бил во средно техничко , кај него се уште тлеела желбата за глума, па се обидел да направи таетарска група.

Во истиот тој период случајно му се појавил оглас за театарска школа, скришум се запишал без никој да знае, ни неговите родители ни другарите. Година дена одел на школата тајно без да кажува дома. Еден ден код школата имале откажување на часот и го побарале дома за да го известат се јавила мајка му и така дознале неговите.

На видеото го имате целиот разговор со Марјан Георгиевски.

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button