Реклама
Наши ѕвезди

Течат последните подготовки за свадбата на познатата македонска пејачка – еве како изгледа сега

Познатата македонска пејачка утре ќе блесне во венчаница

Реклама

Познатиот пар се подготвува за овој голем ден

На 10 март, во недела, пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот партнер Роберт Спасенцоски ќе го изговорат своето судбоносно „ДА“.

Како што објави порталот „Вистина“, музичкиот пар утре во еден познат скопски ресторан ќе направат свадба, а подготовките за овој спектакл веќе се во тек. Тоа впрочем можеме да го видиме и од профилот на Гиговска на Инстаграм каде таа се пофали со новата боја на коса, додека многумина со нетрпение очекуваат да ја видат и како ќе изгледа како невеста и каква венчаница избрала.

Маркетинг

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Потсетуваме, Антониа и Роберт во јули минатата година се остварија во улога на родители кога го добија нивниот син Киан.

Маркетинг

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Среќната вест тогаш прв ја сподели гордиот татко на Фејсбук, а потоа оваа информација ја сподели и неговиот татко, музичарот Бобан Спасенцовски.

Антониа и Роберт се свршија во јануари истата година, кога прв пат ја споделија и веста дека пејачката е бремена, а по неколку месеци склопија и граѓанки брак, односно на 30 април 2023 година.

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Тие сега ќе направат и голема свадбена веселба, со околу 300 гости, која според најавите ќе изгледа како во бајките.

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Многумина не се сомневаат дека пејачката и нејзиниот сакан мислеле на секој детаљ кога е во прашање нивната свадба, но и дека веќе е сé подготвено, а неминовно е и тоа дека ова би можело да биде една од пораскошните свадби на нашата естрада.

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Инстаграм/ Антониа Гиговска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button