Реклама
Наши ѕвезди

Спасен со солзи ја пее „Каде сте, Македончиња“ – Егејците воодушевени, наплив од љубов и емоции (видео)

Спасен ја крена на нозе цела Егејска Македонија

Реклама

И покрај проблемите што ги имаше, Спасен реши да не го откаже својот настап пред Македонците од Егејска Македонија.

Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Спасен Силјаноски важи за еден од омилените фолк-пејачи како во нашата земја, така и кај сите Македонци што живеат на секаде на светот.

Впрочем во тоа можевме да се увериме и деновиве на неговиот настап во Егејска Македонија каде што имаше настап за паметење.

Маркетинг

Атмосферата беше одлична, цела вечер се играше и се пееја македонски песни, а еден од најемотивните моменти беше кога Силјаноски ја запеа легендарната „Каде сте, Македончиња“.

Маркетинг

Како што самиот вели, концертот беше спектакуларен, со наплив на емоции и возвишени чувства, но и со по некоја солза.

За настанот се бараше влезница повеќе, а Спасен и покрај тоа што пред неодамна имаше несреќа кога си ја скрши раката, даде сé од себе за да може да се појави пред публиката во Грција и да го одржи концертот.

Потсетуваме, Спасен за Нова година настапува пред нашинците во Линц, Австрија, а потоа лета за Њу Џерси во Америка.

„За Божиќ пеам во Америка а за Стара нова година сум во Торонто. Се надевам до тогаш дека ќе ми заздрави раката за да можам да функционирам, па да сме здрави и живи“ изјави Спасен пред неколку недели по несреќата што му се случи на еден настап во Словенија, кога заврши со скршена рака.

Тој тогаш настапуваше пред нашите иселеници од оваа земја, кога симнувајќи се од бината падна и се повреди, но и покрај големата болка, не го откажа настапот и го одржа до крај.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button