Реклама
Холивуд

Скромната сопруга на еден од најпознатите фудбалери на светот – и пишувал љубовни писма кога имал само 9 години, а во животот ги спои трагедија

Реклама

Антонела Рокуцо е жената која што му е најголема поддршка на Лео Меси, еден од најдобрите фудбалери на светот.

Оваа жена пред неколку дена гордо го гледаше својот сопруг како го забива 600-от гол во дресот на Барселона, а тоа дека таа му е најголема поддршка во животот Меси никогаш не го криел и секогаш зборувал отворено за неговата љубов.

Маркетинг

Меси и Антонела се заедно цел живот

Фудбалерот се вљубил во убавата Антонела кога имал само девет години. Тој и пишувал љубовни писма, а нивната љубовна врска започна во средношколските денови. Во 2008 година тој ја претстави во јавноста како своја девојка, и до ден-денес парот немал поголем скандал во нивната врска.

Маркетинг

Како што пишуваат странските медиуми, во 2007 година Антонела поминувала низ најтешкиот период кога блиска личност го изгубила животот во тешка сообраќајна несреќа. Штом дознал за тоа, Меси веднаш заминал кај неа и и’ помогнал да го преброди тешкиот период. Бо истиот момент се родила и љубовта меѓу нив двајцата.

И за разлика од другите успешни фудбалери кои се слаби кон прекрасните жени, Меси сака само една цел живот. Нивната љубов ги преживеала сите животни периоди, од почетоците на Меси до врвот во фудбалскиот свет каде што сега се наоѓа. Од друга страна и Антонела не е една од оние што се наметнуваат во медиумите или се фалат со богатството. На Инстаграм ја следат речиси 10 милиони луѓе, и само повремено објавува семејни слики или спомени со пријателите.

Меси и Антонела првиот син Тиаго го добија во 2012 година, а три години подоцна се роди и Матео.

Парот минатата година го доби и третиот син Чиро, а фановите на Барселона се пресреќни заради малите наследници на нивниот омилен фудбалер кои би можеле да тргнат по неговите стапки. Лео и Антонела се венчале во 2017 година во родниот Росарио во Аргентина, а деталите од свадбата успеале да ги одржат далеку од очите на јавноста.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button