Реклама
Холивуд

Принцот Хари се појави на велосипед, a поради овој детаљ Британците се воодушевени

Реклама

Не стивнуваат вестите поврзани со новороденото кралско бебе

Фото: ЕПА/ ЕФЕ

Само еден ден откако првпат го покажа својот син пред новинарите, принцот Хари отпатува за Хаг, каде што учествуваше во прославата по повод одбројувањето на следните „Инвиктус игри“ кои треба да се случат за точно една година. Новопечениот татко за оваа пригода одлучи да направи посебна јакна и маица со логото на игрите, но и со еден детаљ со кој му оддаде почит на својот син.

„Invictus Family Daddy” стои извезено на предниот дел од неговата шушкава јакна што ја носеше додека се возеше со велосипед, а истиот симпатичен натпис го имаше и на кошулата што ја носеше под јакната.

Маркетинг

Принцот Хари со овој потег истовремено покажа дека е возбуден што стана татко, но и потсети дека токму тој е иницијаторот на овој спортски натпревар во кој учествуваат ранетите, повредените и болните војни ветерани.

Маркетинг

Новопечениот татко во тек на церемонијата како подарок доби и симпатично боди со лого од игрите за својот син, Арчи Харисон Моунтбатен – Виндзор.

Бебето се роди во понеделникот и тоа е првото дете на принцот Хари и поранешната актерка Меган Маркл.

Нивните први заеднички фотографии со кралското бебе можете да ги видите тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button