Реклама
CelebrityTV

По 25 години излегоа фотографии од свадбата на Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ: За ова се пишуваше со денови, еве која пејачка беше кума

Тие се најхармоничниот пар...

Реклама

Цели 25 години Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ уживаат во брак и важат за еден од најхармоничните парови на естрадата.

фото инстаграм/Саша Поповиќ

Од бракот ја имаат ќерката Александра, но јавноста е запознаена дека Сузана од првиот брак го има синот Даниел кого Саша Поповиќ го прифати и одгледа како свое дете.

Маркетинг

фото инстаграм/Саша Поповиќ

Минатата година тие направија гламурозна венчавка за Даниел, но малкумина се сеќаваат на венчавката на Сузана и Саша која се сметаше за исклучително важен настан.

Маркетинг

фото инстаграм/Саша Поповиќ

Естрадната двојка својата свадба ја направи во хотелот „Интерконтинентал“ каде се собра речиси целата естрада и за тоа се пишуваше со денови.

фото принтскрин

Кума на Поповиќ била Лепа Брена која заедно со младенците во еден момент со прсти кинела парчиња печен вол. Тоа, тогаш сите се согласија, беше најнезаборавниот момент од забавата.

фото принтскрин

Индиректен виновник за овој брак беше пејачката Злата Петровиќ, која по раскинувањето со Саша остана во одлични односи со него а е и добра пријателка со Сузана.

фото принтскрин

– Злата ми помогна да се омажам за Саша. На нејзината свадба јас бев таа што го фати бидермаерот. Веднаш потоа се омажив за Саша – изјави Сузана во една прилика и сто тоа откри дека нема зла крв меѓу неа и поранешната на Поповиќ.

фото принтскрин

Сузана во една прилика проговоре и откри како Саша ја освоил.

фото принтскрин

-Се пишуваше дека Сале е заводник… Имав многу предрасуди за него, мислев дека целиот женски род е со него. Имав многу големи предрасуди и тоа што го читав ме полудуваше. Поставив ѕид, си реков во тој кош мене нема да ме види. Сепак, како што вели поговорката „Никогаш не вели никогаш“. Ми го остави бројот од пејџерот а јас воопшто не го побарав – се присети Сузана.

фото инстаграм/Саша Поповиќ

– Сепак, по долго време случајно го контактирав. Морав да одам на свадба во Јагодина, а немав превоз, а никого никогаш не сум излажала, ветив дека ќе дојдам, но не дојдов… И што ќе правам, ми текнува на Сале , праќам порака на пејџер и кажувам дека имам проблем, немам превоз, а морав да стигнам на свадба и ми рече дека ќе ме земе. Бев среќна како дете, не ми се веруваше дека човек ќе ги остави сите обврски и ќе дојде во Јагодина да ме вози. И секако дека сум воодушевена од гестот и вниманието што ми го даде – изјави тогаш таа.

фото инстаграм/Саша Поповиќ

– Бев пријатно изненадена и нема да го заборавам до крајот на животот– рекла Сузана.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button