Реклама
Новости

По веста за разводот, ќерката на Харис Џиновиќ плаче на Инстаграм – нејзината објава ги растажи сите

Пејачот Харис и дизајнерката Мелина Џиновиќ емотивна врска ја започнаа во 2002 година

Реклама

Харис и Мелани од оваа врска добија две деца, синот Кан и ќерката Џина, а во брачните води запловија 12 години подоцна…
.
Наследничката на познатиот пар, Џина Џиновиќ, речиси секојдневно објавува по нешто на социјалните мрежи.

Таа е поприлично популарна на Инстаграм и ТикТок, а со една од своите објави расплака многумина, па и самата себеси.

Имено, неделава ги изненади сите веста дека нејзините родители Харис и Мелина Џиновиќ решиле да се разведат.

Маркетинг

Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Тие беа во брак 22 години, а сега решија да стават точна на нивниот заеднички живот и секој да тргне на своја страна.

Маркетинг

Џина во објавите на Инстаграм досега ништо не спомена во врска со разводот на нејзините познати родите, но овој пат сподели фотографија на која е со солзи на очите и ја објасни причината.

Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Имено, таа со солзи им се пожали на своите следбеници дека премногу емотивно ги сфаќа содржините што и се појавуваат на ТикТок, па тоа се одразило на нејзиното расположение.

„Мене ТикТок ќе ме стави во гроб, не можам повеќе, жими мајка, секое второ видео хистерија и плач“, напиша Џина.

Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Покрај оваа објава таа сподели и емотивно видео од татко и ќерка во разни животни фази, па напиша:

„Воглавно, за оние што не разбраа, тој на својата ќерка целиот живот и се извинуваше што не е млад како останатите татковци, па и почина така што и се извинуваше“, напиша Џина објаснувајќи го видеото.

Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Потсетуваме, љубовната приказна на Мелина и Харис започна во 2002 година кога дизајнерката беше трета година дизајнерски студии.

Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Тие веднаш се вљубиле, а Харис во едно од ретките интервјуа во кое зборува за својот приватен живот откри дека „едноставно се нашле“.

Но како што пишуваат медиумите, нивната брачна заедница наводно подолго време не функционира како што треба.

Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Тие имаат свој приватен, деловен но и емотивен одвоен живот, а се шушка дека и двајата имаат партнери.

Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Според медиумите, Мелани наводно веќе некое време се гледала со бизнисмен од Белград, а пејачот кој отсекогаш важел за голем заводник, наводно е во кратки авантури со градски девојки.

Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Инстаграм/ Џина Џиновиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button