Реклама
Вести

Почина познат македонски бизнисмен и политичар

Реклама

Почина Силјан Мицевски (78), поранешен градоначалник на Битола и почесен конзул на Република Србија во Битола. Тој беше и претседател на РК Пелистер во чие време клубот постигна големи успеси.

Силјан Мицевски беше прв избран градоначалник на Битола, на непосредни избори што се одржаа во 1996 година, а во 2007 година со Одлука на Владата на Република Србија беше назначен за Почесен Конзул на Република Србија во Битола.

Професионалната кариера на Мицевски е втемелена на ГП „Пелистер“-Битола која датира од 1968 година, најголемата љубов и самоодрекувања во животот на Мицевски се врзани за спортот и посебно ракометот каде бил ракометар, прв македонски меѓународен ракометен судија, и поддржувач на РК „Пелистер“, денес РК „Еурофарм Пелистер“.

Маркетинг

Силјан Мицевски е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои наградата „4-ти Ноември“ во 1979 година, наградата „Интернационална ѕвезда – златна категорија“ доделена во Париз 2003 г., престижното признание „Личност на Југоисточна Европа“ за 2016 година кое му беше врачено на Универзитетот „Хумболт“ во Берлин, а во 2016 година му беше доделено државното знаме на Република Србија.

Маркетинг

Силјан Мицевски е роден на 16 октомври 1945 година во Битола. Магистрирал во Софија, на отсекот Економија и менаџмент, со што се стекнал со титулата магистер по менаџмент. Битола, градот на конзулите, како што го нарекуваат, е родното место на Силјан Мицевски и неговото семејство.

Битола беше неговата гордост, инспирација и предизвик. Тоа е градот во кој Силјан помина голем дел од животот и постигна значајни резултати како успешен и деловен човек, спортист, активист, градоначалник, хуманист, како и признат граѓанин на Битола, на Македонија и пошироко на овие балкански и европски простори.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button