Реклама
Наши ѕвезди

Познат млад македонски музичар се бори за живот – На социјалните мрежи се испратија со него предвреме!

Ниту еден медиум официјално не излезе со соопштение за тоа дека Попов нè напуштил, а веќе бројни пораки на социјалните мрежи почнаа да се редат со последен поздрав и сочувство до семејството

Реклама

Неетичкото однесување царува на социјалните мрежи одново и одново. Денеска неколку познати имиња за јавноста напишаа бизарна порака со последен поздрав за познатиот диџеј, продуцент, музичар, Мирко Попов, кој е жив!

Попов е во моментов хоспитализиран и според нашите извори два дена се бори за живот, откако доживеал мозочен удар.

Ниту еден медиум официјално не излезе со соопштение за тоа дека Попов нè напуштил, а веќе бројни пораки на социјалните мрежи почнаа да се редат со последен поздрав и сочувство до семејството. Подоцна, откако очигледно сфатија дека шират лага и дезинформации, ги избришаа пораките.

Маркетинг

Ова е прашање до сите нив:

Размислувате ли како му е, сега, на семејството на Попов, пред да напишете било што?

 

Маркетинг

Се огласи и вицепремиерот Бојан Маричиќ:

– Два дена со мислите постојано сме со Мирко Попов. Состојбата е критична и неизвесна. Мирко се бори за живот. А, сите кои го познаваме сме со силна надеж и верба дека тој мора да продолжи и дека ќе продолжи понатаму. Мирко, не те даваме. Твојата сила е твојата публика. Борбата за живот продолжува, борбата за нашата кауза продолжува.

 

 

Адвокатот Јанаки Митровски објави дека, иако му бил жесток критичар, му посакува брзо оздравување.

– Мирко Попов сум го критикувал жестоко илјада пати. И на социјални мрежи, и на коилумна, сум имал само најлошо да кажам за неговиот политички ангажман, учество во кампања за продажба на името итн. Човекот се бори за живот. Валда во тие моменти треба да ги тргнеме негативните мисли на страна и да му посакаме да закрепне. Две деца има ММЕ. Дајте малку исаф, напиша Митовски на својот фејсбук профил.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button