Реклама
Наши ѕвезди

Погледнете КАКВА УБАВИЦА е невестата на познатиот македонски пејач – ја запроси на својот концерт!

Невестата на пејачот Давид Темелков блескаше во раскошната венчаница

Реклама

Фотографии и сними од свадбата ги објави на својот Инстаграм профил и покажа како блеска неговата сакана во венчаницата

Познатиот македонски поп-пејач Давид Темелков со адреса на живеење во Загреб се ожени со убавата хрватска водителка Елена Јунг.

Невестата ја распушти убавата косата и заблеска во волшебниот бел фустан со корсет и широко здолниште, а комбинацијата ја потполни со вел и венче направено од цвеќиња во косата.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Младоженецот носеше црн костум и бела кошула со машна, а на главата и тој имаше круна направена од цвеќиња.

Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Тие се венчаа во црквата Света Богородица во центарот на Скопје, а потоа нивната веселба продолжи во еден познат хотел.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Љубовната приказна на Елена и Давид започна во 2015 година, на ден на концертот на Тони Цетински во Пула.

Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Елена која тогаш беше „Мис Истра“, еден пријател ја наговори да одат на афтерпарти, каде се запозна со Давид.

Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Како што самите велат, тие биле 1400 километри оддалечени, но токму заради тоа Давид почнал се почесто да бара аранжмани во Хрватска,

„Животот пишува чудни приказни, па по завршувањето на Х фактор, мојата приказна продолжи во Хрватска но и пошироко на Балканот. Првенствено ми се отворија некои врати во Хрватска, запознав соработници кои ми ги отворија вратите кон целиот Балкан, соработници со кои ми е чест да соработувам, еминентни автори како Мирослав Рус, Миро Буљан, Никша Братош итн…“ изјави Давид во една пригода за Гламур магазин.

Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Инаку Давид својата сакана ја запроси во август 2021 на својот концерт во Нова Градишка, на истиот датум на кој се запознале.

Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Фото: Инстаграм/ Давид Темелков

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button