Реклама
Наши ѕвезди

Пејачката Андријана Јаневска ужива сама во базен – ќе се воодушевите, не сте ја виделе во вакво издание

Еве како една од најпознатите македонски пејачки ги полни батериите за своите нови работни предизвици

Реклама

И додека многумина спасот од високите температури го бараат на градските базени, Андријана Јаневска ужива сама во приватен базен.

Таа замина на одмор во Италија, од каде редовно се огласува на Инстаграм, а сега покажа како ужива и ги изненади сите.

Имено, Јаневска објави неколку снимки на кои се гледа како плива делфин, стил кој воопшто не е лесен да се совлада.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Но таа без проблем може да плива на ваков начин, а во коментарите се пошегува на своја сметка и ги воодушеви фановите.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Таа најпрво напиша: „Не е баш делфин, повеќе е кит“, а потоа додаде:

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

„Бидејќи повеќе ме прашаа, да нема забуна – јас сум китов!“

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Изгледа како божица, а во срцето – Македонија!

Инаку, вчера беше промоцијата на песната „Ми заплакало селото Ваташа“ која што Јаневска ја изведува со Игор Џамбазов.

Песната која е напишана во 60-тите од Лазар Манчевски – Пинџур, а прв пат изведена од легендарниот Никола Бадев во 1975 година, повторно стана актуелна по изведбата на Андријана и Игор на последната „Златна бубамара на популарноста.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скендеровски

Познатите македонски уметници сега ја снимија во рамките на проектот „Македонија во срце те носиме“, а вчера во 12 часот попладне беше официјалната промоција на Јутјуб каналот на Скендеровски продукција, која стои зад проектот.

Јаневска, која во изминатиов период имаше многу обврски и бројни настапи, реши да си ги наполни батериите, но и додека го прави тоа не заборави на своите верни обожаватели.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скендеровски

Песната што ја сними со Игор е примена со воодушевување од публиката, што може да се забележи и од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку, Јаневска и во спотот изгледа прекрасно, а многумина се согласни дека ова е едно од нејзините најдобри изданија.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скендеровски

Како звучат Андријана и легендарниот Џамбаз во новиот спот, но и како изгледаат, погледнете во продолжение…

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скендеровски

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Скендеровски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button