Диети

Не можете да ослабнете? Можеби затоа што сте прениски

Реклама
Реклама

Премногу време поминувате во теретана, а резултатите не се баш онакви на какви што се надевавте?

Жалиме што мораме да ви го кажеме ова, но едноставно можеби сте премногу ниски за (брзо) губење на вишокот килограми. Да. ова по малку бизарно тврдење го потврдија и научниците. Имено, д-р. Крег Примак, претседател на Здружението за третман на дебелина, за Космополитен објасни дека пониските луѓе имаат побавен метаболизам, и на нив им треба повеќе време за губење на тежината.

Маркетинг

„Просечната жена има базален метаболизам (BMR) од 1400 калории на ден. Ова значи дека дури и да лежи цело време во креветот таа за 24 часа ќе согори 1400 калории тој ден. Но, забележав дека жените кои се пониски од 152 сантиметри имаат BMR од 1200 калории”, објаснува Примак.

Маркетинг

Со други зборови, колку сте пониски, толку имате помалку мускулна маса, и тоа е еден од главните фактори за намалување на телесната тежина. На иста линија е и едно од истражувањата на „Plos One“ кое утврди дека големината на човечките органи е пропорционална на брзината на согорување на калориите. Односно, пониските луѓе имаат помали органи кои согоруваат и помалку енергија од повисоките.

Но тврдењето дека воопшто не можете да ослабите е апсолутно неточно. Можеби само треба да се соочите со фактот дека ќе ви биде потребен малку подолг процес отколку што сте планирале и НИКОГАШ да не се откажувате.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button