Реклама
Холивуд

Неверојатна приказна за Тина Тарнер – од самохрана мајка, претепана од сопругот и со само 20 денари во џебот, до легендарна рок баба!

Реклама

Енергична и решителна – најдобриот опис за Тина Тарнер која на 26 ноември го прослави својот 79 роденден.

Ана Меј Булок попозната под уметничкото име Тина Турнер се прослави во 60-тите години на минатиот век пеејќи и танцувајќи најпрво за групата „Ike Turner“. Со познатиот соул пејач и ловец на таленти се запозна во ноќниот клуб во Сент Луис. Дотогаш настапувала само во црковниот хор во родниот Нутбуш во Тенеси, но на сите им беше јасно дека станува збор за мошне голем талент кога прв пат се појави на сцената.

Маркетинг

Ана Меј од прва му се допадна и на Рејмонд Хил од придружниот бенд на „Ike Turner“, „Kings of Rhythm“, со која набргу започна страсна врска. Но саксофонистот не беше заинтересиран за нешто посериозно, туку ја остави откако му го роди синот Крег Рејмонд во 1959 година (кој за жал се самоуби пред неколку месеци).

Маркетинг

 

Но за Ана Меј разочарувањето беше дел од нејзиниот живот. Имено, нејзината мајка ќе и признае дека никогаш не ја посакувала, а ја напуштила кога имала само 11 години за да избега од својот насилен сопруг Флојд. Две години подоцна татко и се жени со друга жена и се сели во Детроит, а неа и нејзината сестра Руби ја праќа да живеат со нивната баба Џорџина. „Мојата битка ќе започне уште во стомакот на мајка ми“, призна музичката легенда на гостувањето кај Опра Винфри во нејзиното 45 минутно интервју од 2013.

 

Насилната врска со Ајк Тарнер

Разочарана од својот партнер и оставена со мало дете, се чувствувала како да е без опции во животот. Токму затоа и ја започнала својата врска со Ајк, со кого до тогаш имала само братски чувства. И така од придружен вокал набргу станува главна ѕвезда во шоуто, а во 1960 година го раѓа синот Роналд. Иако нивната врска беше далеку од совршенство, тие ќе ја крунисаат со брак во Мексико 1962 година.

Но нивниот брак не беше признат бидејќи Ајк веќе беше во легален брак со друга жена.

Тие двајцата за брзо време ќе станат музичка сензација во Англија и САД. Нивните хитови ќе почнат да се продаваат во милионски примероци, а со песната „Proud Mary“ ќе освојат Греми.

Но кога Тина започна да размислуав за своја соло кариера, Ајк прв пат ќе ја удри. Во интервју за „Спин магазин“ од 1985 година, Ајк ги шокираше сите со својот отворен одговор – Да, ја удрив, но не ја удрив ништо повеќе од тоа што еден просечен маж ја удира својата жена.

Секога ме удираше во глава, призна Тина во своето искрено интервју со Опра Винфри и откри дека морала да направи пластична операција на носот бидејќи и бил скршен премногу пати. Сепак со него останувала заради децата, но и затоа што не и давал пари и била зависна од него.

Како ќе се случува неговата зависност од кокаин, така се зголемува и интензитетот на нападите. Откако за време на возење со лимузина до хотелот во Далас во 1976 година ќе ја претепа со својата кондура, Тина со отечено лице и раскрвавени усни ќе избега од нивната хотелска соба и со само 36 центи во џебот (околу 20 денари) ќе избега.

И следниот ден му побара развод …

Останатото е историја. Тина Тарнер во својата кариера има снимено 10 студиски албуми, добитничка е на 8 Греми награди, се има појавено во неколку познати филмови, а се наоѓа и во Куќата на славните во рок енд ролот. Денес живее во Швајцарија со својот 16 години помлад сопруг Ервин Бак со кој е во врска веќе три децении и ужива во пензијата.

„Понекогаш мора да се откажеш од сé како би се исчистил. Ако со нешто си несреќен, ако нешто те прави да бидеш несреќен, тогаш реши сé од тоа. Ќе откриеш дека си свој дури кога ќе бидеш слободен“, вели оваа прекрасна дама. 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button