Реклама
Наши ѕвезди

Наследникот на Ферус проговори и ја откри причината што довела до мозочен удар: Ова е последната порака што ја испратил на внукот

Наследникот на кралот на дувачките инструменти за првпат проговори јавно и откри детали за последните денови на Ферус.

Реклама

Ферчо зборуваше за болеста на неговиот дедо и за причината која довела до мозочен удар кај Ферус.

Помина месец од згаснувањето на животот на еден од најдобрите музичари кои Македонија ги имала.

ФОТО: Принтскрин

Ферус Мустафов зад себе остави богата музичка ризница. Тој ќе остане да живее преку неговите дела, неговите песни вечно ќе се свират.

Неговиот наследник, внукот Ферчо Мустафов си ја отвори душата пред камерите на естрадниот магазин „Бекстејџ“ и откри детали за последните денови од животот на кралот на саксофонот.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

Шпекулациите дека Ферус примал терапија и негов пријател му рекол да ја прекине, па оттогаш почнале здравствените проблеми, Ферчо ги потврди како точни.

„Не знаеме зошто се тргнати тие лекови, требаше да ги пие доживотно, тие се за спречување на мозочен удар. За помалце од месец се случи тоа што се случи.

Маркетинг

Беше во кома дваесетина дена.

Тоа се случило дома кај него, неговата ќерка малечка Мелек видела, се јавила на моите родители и викнале Брза помош и го однеле во Клиниката „8-ми Септемрви“.

Таму беше 25 дена, беше во кома дваесетина дена, се разбуди, ни кажаа дека оди на подобро работата, дека е постабилен, но потоа не можеше да издржи повеќе“, раскажа Ферчо.

ФОТО: Фејсбук / Ферчо Мустафов

Мал мозочен удар Ферус доживеал и во Србија, додека заедно со внукот свиреле во емисијата „Кафанско вече“.

„За среќа тогаш помина се во најдобар ред, немаше никакви последици. И таму во Србија му кажаа дека тие лекови никако не смее да прекине да ги пие доживотно. Како и зошто овде му ги тргнале од терапија не знаеме, тој самиот одеше на доктор“, рече Ферчо.

ФОТО: Фејсбук / Ферчо Мустафов

Семејството доживеало вистинско разочарување кога на неговата комеморација се појавиле повеќе колеги од српската естрада, отколку од Македонија.

Неговиот наследник истакна дека токму луѓето на кои најмногу им помогнал ниту се јавиле, ниту се појавиле на погребот.

ФОТО: Фејсбук / Ферчо Мустафов

Ферус ќе остане вечно да живее преку неговата музика, а неговиот пат продолжува да го оди самиот Ферчо.

„Тоа што успеал тој да го направи, не само јас туку тешко дека некој ќе успее да го направи.

И во 3 часот ме тераше да свириме и доста пати по 11-12 часа сум вежбал без вода, бил строг и му благодарам, затоа што да не бил таков не би бил тоа што сум денес.

Никогаш буквално не ми рекол „добро е, супер, браво, многу добро свири, престани сега веќе да вежбаш“, а последната порака што ја добив од него на Фејсбук ми напиша „Браво Ферчо, така се свири“. Тоа ми е последната порака и прво и последно браво од него што сум го добил во животот“, раскажа тој.

ФОТО: Фејсбук / Ферчо Мустафов

ФОТО: Фејсбук / Ферчо Мустафов

ФОТО: Фејсбук / Ферчо Мустафов

ФОТО: Фејсбук / Ферчо Мустафов

ФОТО: Фејсбук / Ферус Мустафов

ФОТО: Фејсбук / Ферус Мустафов

ФОТО: Фејсбук / Ферус Мустафов

ФОТО: Фејсбук / Ферус Мустафов

ФОТО: Фејсбук / Ферус Мустафов

ФОТО: Фејсбук / Ферус Мустафов

ФОТО: Фејсбук / Ферус Мустафов

ФОТО: Фејсбук / Ферус Мустафов

ФОТО: Фејсбук / Ферус Мустафов

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button