Реклама
Вирално

Наскоро ќе нема ни молери ни плочкари во Македонија – Германците ќе ги вработуваат и без да имаат бугарски пасоши

Реклама

Неодамна германските медиуми лиферуваа соопштение на германската Влада според кое се проширува системот на шестмесечни визи, со што ќе им овозможи на луѓе вон ЕУ да побараат работа.

Ова ќе биде дополнителна причина за сите кои се незадоволни од својата плата во Македонија среќата да си ја побараат во оваа земја. Сега и оние Македонци кои немаат европски пасош (од кои нашите најчесто го имаат бугарскиот) и без диплома ќе можат да побараат работа во Германија.

Маркетинг

Според овие измени, визите кои досега беа достапни само за луѓе со високо образование, ќе се прошират и на квалификуваните работници. Според Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер, Германија не сака“ имиграција во системот на социјално осигурување“ така што подносителите на барање за виза ќе мора да докажат дека можат сами да се издржуваат и дека зборуваат германски.

Работодавците во очај

Според најновите статистички податоци во Германија минатиот месец е достигнато најниското ниво на невработеност од 1991 година наваму. Бројот на невработени е намален на 2,26 милиони, а истовремено бројот на оние кои бараат работа е намален за 94 илјади во однос на минатиот месец и за 192 илјади од истиот месец лани.

Маркетинг

„Невработеноста сега е пет отсто. Бројот на работни места за кои се плаќаат социјални придонеси расте, а продолжува и побарувачката за вработување“, изјави шефот на Агенцијата за вработување Детлеф Шеле.

Сето ова допринесува во Германија да има недостаток од квалификувана работна сила.

Неодамна во Германија се донесе закон со кој се олесни вработувањето и се подобри статусот и на работниците со високо образование, кои доаѓаат од други земји.
Како заминуваат нашинците во Германија

Македонските граѓани кои решиле да заминат на работа во Германија, тоа го прават со помош на специјализирани агенции од Македонија или Германија. Тие најпрво во своите градови завршуваат курс по германски јазик, по што добиваат диплома и познавање на јазикот до тој степен до кој се бара од работодавецот.

Во моментов најмногу заминуваат медицински сестри, негувателки на стари лица, лекари, но и информатичари и лица кои имаат дипломи од техниките факултети.

Но со проширување на системот за визите, вратата се отвора и за квалификуваните работници. Па така сега се бараат и возачи на камиони кои би можеле да земаат плата од 2200 до 2500 евра. За келнерите, готвачите и фризерите месечната плата е околу 1.000 евра, но тие плус имаат и бакшиш. Градежните работници се малку подобро платени од нив, па заработуваат по околу 1.300 евра месечно. Бруто плата од 2.400 евра, или нето околу 1.600 евра имаат искусните негувателки и медицински техничари, кои од Македонија во последно време во Германија ги има се повеќе.

Од тие пари за стан и трошоци одат најмалку 600 евра. За храна во просек се издвојуваат 280 евра по човек, додека месечна карта за јавен превоз чини од 50 до 100 евра, што значи вкупно околу 1000 евра месечно. Во паричникот значи, не останува баш премногу, пишува „Дојче веле“.

Поразително е тоа што за враќање во Македонија поголемиот број иселеници воопшто не ни размислува. Иако повеќето од нив кога е заминат планираат преку граница да останат некое време колку што е потребно за да заработат пари и да се вратат во својата земја, но многу ретко кој ова ќе го направи во вистинскиот живот. Тие најчесто засекогаш остануваат во туѓина, а причините се реални – многу поголема плата за истата работа, полагоден живот и помалку стрес, и не постоење на страв за егзистенција како и прашањето како на семејството да му ги обезбедите основните средства за живот . И секако стапката на невработените во Македонија е околу 18 %, додека во Германија се движи околу 3 отсто, што значи во оваа земја НЕ можете да останете без работа!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button