Реклама
Наши ѕвезди

Митев денес е еден од нашите најпознати пејачи, а во минатото нижел тутун и живеел скромен живот

„Бевме среќни деца, се радувавме на многу мали работи“

Реклама

Пејачот Јордан Митев моментално важи за еден од најбараните фолк-пејачи како во Македонија, така и во дијаспората.

Неговите песни се слушаат од Македонија, па се до Австралија, а на неговата последна голема турнеја пред нашите иселеници во оваа прекуокеанска земја одржа бројни настапи во преполни сали за кои секогаш се бараше влезница повеќе.

Тој денес заедно со својата сопруга и нивната ќеркичка живее во родното село Подареш, каде што и пораснал. Но малкумина знаат дека Јордан, пред да стане популарен и еден од омилените пејачи, имал поприлично скромно детство, на село, за што секогаш зборува со гордост.

Маркетинг

И како што самиот истакна во една пригода, пораснал во семејство кое немало којзнае што, основни услови за живот, но затоа имале живот и секој ден им бил исполнет со радост.

Маркетинг

„Мислам дека бевме среќни деца, се радувавме на многу мали работи. Денес се оди на летување не знам каде, зимување не знам каде, ваква опрема онаква опрема и пак некако владее некое незадоволсто. Во мојот живот како дете со моите родители и брат ми единствено место за одмор 3-4 пати во животот и тоа на 3 дена каде што сме биле е Дојран“ изјави Јордан во една прилика за Гламур магазин, па продолжи:

„Затоа што летно време се береше тутунот, и вие на 40 степени ако тутунот го оставите една недела да не го берете отиде тутунот, ќе изгоре од сонцето. Каква Грција, Турција, Хургада или не знам каде. Тоа можеше да се виде само на телевизија“, изјави тогаш Јордан.

Му се радувавме на Дојран како на Малдиви!

Па ние се радувавме на Дојран како да сме на Малдиви, толку бевме среќни и тоа на 3 дена, не 14 дена како во денешно време што повеќето одат. Така да со еден збор, јас пораснав скромно, но со високо изградени човечки вредности кои ми беа пренесени од моите родители. Ќе се потрудиме тоа да го пренесеме и на нашето дете, бидејќи сметам дека само така може да се изгради една вистинска личност.

Немавме којзнае што, основи услови за живот, но имавме живот и секој ден беше исполент со радост. Мислам дека бевме среќни деца, се радувавме на многу мали работи, истакна тогаш познатиот пејач за Гламур магазин.

Потсетуваме, Јордан и неговата сопруга Славица пред неколку месеци за прв пат се остварија во улога на родители.

Нивната ќерка Кристина се роди во Австралија, од каде е и неговата сопруга која денес живее заедно со него во Подареш.

Тие се заедно во брак веќе седум години, а Славица заради љубов решава да замине од Австралија и да се пресели во земјата од каде потекнуваат и нејзините корени.

Тие се запознале за време на една турнеја на Јордан во ова земја, а нивната ќерка сосема случајно ќе се роди во Австралија, додека е тој повторно на турнеја, а неговата сопруга кај нејзините. Како пејачот се снаоѓа сега, откако се оствари во својата нова улога во животот и откако ја доби ќеркичката, прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button