Реклама
Интервју

ЈОРДАН МИТЕВ ЗА ЌЕРКАТА: Едно утро осетив дека Кристина не спие, се приближив до креветчето, а таа ми рече…

Како деца со брат ми се радувавме на Дојран како да сме на Малдиви, вели пејачот.

Реклама

Кога живееле нашите претци немале изобилство од храна, катаден јаделе леб, кромид, патлиџан, а биле многудетни семејства, не им било тешко да одгледуваат деца, вели Јордан Митев, нашиот славен пејач кој од неодамна стана татко.

Неговата ќеркичка, Кристина, сè уште е многу мала, но сепак обврските на родителот започнуваат уште од првиот миг кога ќе се роди детето.

Како овие неколку месеци се снаоѓа во татковстото Јордан, дали ѝ помага на сопругата околку бебето, како си ги делат обврските, го навративме и на времето кога тој бил дете, како го воспитувале неговите родители и сл.

Маркетинг

Пејачот Јордан Митев во рубриката – РОДИТЕЛИТЕ НА 21 ВЕК.

Дали е тешко да се биде родител на 21 век?

Мислам дека благодарејќи на времето во кое живееме и до каде се има развиено човековата цивилизација, во денешно време се е полесно, па дури и да се биде родител. Сигурно во 20тиот век па и порано не било полесно од сега затоа што тогаш многу работи не биле достапни и развиени за човекот. Денес има се, и покрај тоа што можеби ние не живееме во најразвиената земја на оваа планета, сепак мораме и да знаеме дека и не живееме во најнеразвиената земја. Далеку сме од совршени, но секој има услови за живот и основање семејство. Прашање е дали се има желба да се превземе поголема одговорност во животот затоа што да се биде родител пред се е голема одговорност и не само тоа, како родител треба да се даде максимлна љубов и посеветеност на тоа дете.

Маркетинг

Само едно ќе додадам, порано немало ниту доволно храна, ниту развиена медицина, ниту играчки ниту по минимум 1 автомобил во секој двор, ниту луксузни одмори и тн. имале леб, кромид и млеко, па луѓето имале по повеќе деца и денес сме ние наследници на тие генерации кои што живееле и се бореле во тоа време.

Може ли да ни опишете каква е Кристина?

Кристина е прекрасна. Веќе наполни 4 месеца и со секој нареден ден таа е се поинтересна и ни дели насмевка и убава енергија на целото семејство.

Јордан Митев ја објави првата фотографија со својата ќеркичка – причината ќе ви го стопи срцето

 

Фала му на Бога се е во ред и целиот нејзин развој се одвива како што треба. Таа љубов и енергија едноставно не се опишува со зборови. Голем благосолов за мене и мојата сопруга Славица.

Споделете со нас некоја анегдота што ви ја направила?

Па има секој ден по нешто, но за сега една ситуација така ми остана во глава и некако кога ќе ми текне сам се смеам. Пред некое утро ја осетив дека веќе не спие и така си лежи во креветчето. Јас станав отдов кај неа и и кажав добро утро Кристина, таа ми се слатко насмеа и ми рече А Гууу. И така двајцата си се насмеавме.

По какви методи се придржувате за растење на детето?

Па не се водиме по некои методи, туку како едноставно тоа го чувствуваме дека треба да се направи и пристапи. Јас и мојата сопруга во поглед на вспитувањето сме доста слични, така да ако веќе треба да се престроиме во некоја група повеќе би оделе кон традиционален со примеси на модерен систем, ако може некако да така да се каже. Секое семејство си има своја начин на живот, свое опкружување и навики, така да природно е тоа да се пренесе и на децата до одреден степен.

Што мислите има ли голема разлика во начинот на растење на децата во 21 век, за разлика од времето кога вие сте биле дете?

Во наше време немаше некоја посебно развиена технологија кој ќе не анимира и ќе ни го одзема вниманието, Во денешно време знаеме дека е обратно и доколку таа технологија родителот не ја стави под контрола на детето мислам дека може и доста штетно да влијае на детето. Ние и нашите родители мораше сами да ги го исполнуваме времето и токму тоа време посветено едни на други направи барем кај мене да бидеме приврзани за семејството.

Денешниот човек, брзајќи по успех и се што носи успехот многу брзо го отуѓува на некој начин детето, несвесно се оддалчува и тоа со текот на времето мислам дека може да даде многу лоши резултати кои дел од нив ние и ги гледаме. Затоа треба повеќе да се внимава во денешно време за многу работи, поготово во такнареченте урбани средини.

Што паметите од тоа кога бевте дете, на кој начин ве воспитуваа вашите родители?

Јас порааснав во село, и тоа секогаш го кажувам со гордост. Немавме којзнае што, основи услови за живот, но имавме живот и секој ден беше исполент со радост. Мислам дека бевме среќни деца, се радувавме на многу мали работи. Денес се оди на летување не знам каде, зимување не знам каде, ваква опрема онаква опрема и пак некако владее некое незадоволсто. Во мојот живот како дете со моите родители и брат ми единствено место за одмор 3-4 пати во животот и тоа на 3 дена каде што сме биле е Дојран. Толку. Затоа што летно време се береше тутунот, и вие на 40 степени ако тутунот го оставите една недела да не го берете отиде тутунот, ќе изгоре од сонцето. Каква Грција, Турција, Хургада или не знам каде. Тоа можеше да се виде само на телевизија.

фото/Приватна архива

Па ние се радувавме на Дојран како да сме на Малдиви, толку бевме среќни и тоа на 3 дена, не 14 дена како во денешно време што повеќето одат. Така да со еден збор, јас пораснав скромно, но со високо изградени човечки вредности кои ми беа пренесени од моите родители. Ќе се потрудиме тоа да го пренесеме и на нашето дете, бидејќи сметам дека само така може да се изгради една вистинска личност.

Што применувате од тогаш? Што сметате дека било погрешно во тоа време на воспитување?

Навистина не знам во моментов да кажам што било тогаш погрешно. Штом не ми текнува, најверојатно ништо не било до толку погрешно што би ми останало како лузна и трајно сеќавање. Лузните доаѓаат малку покасно, кога ќе се соочите со суровиот свет во кој владее натпревар и во поголем процент нечесна трка. Кога ќе почне детето да станува човек кој ќе треба да се гради во својот приватен и професионален профил. Тогаш испливува на површина и се гледа разликата кој одел на одмор во Дојран, а кој во Турција, Грција или Шпанија. Но тоа е друга тема.

фото/Приватна архива

Кои се најголемите предизвици (стравови) за родителите на 21 век?

Не треба да се имам никакви стравови. Треба само да се сака да се основа семејство, да се остави потомство и да се даде максимална љубов. Стравови и предзвици ќе има секогаш, имало и тогаш кога ние сме биле деца. Но човек мора да се носи со времето во кое живее и да го дава најдобро од себе на своето дете. Секогаш ќе има нешто што ќе недостасува и што ситуацијата ќе биде неидеална, а животот е доста краток и времето брзо одминува. Според мене, највредниот капитал кој што една мајка и еден татко го имаат, тоа се децата кои се создадени од нив. Со здраво семејство се се прави и стекнува.

Јордан Митев: „Посебно сум среќен што добив ќерка, сакав првото да е женско“

На кој начин се поделени обврските во вашето семејство околу Кристина?

Мајка е мајка, не може никој да ја замени, но, таткото е тој кој што треба да ја штити и мајката и детето. Мене не ми смета се што прави сопругата околку детето и јас да го правам, и го правам со задоволство. Не сме стрикно поделени ти ова ќе го правиш јас ова, некако природно си течат работите без некоја тензија.

фото/Приватна архива

Кои се предности, а кои мани за родителите на модерното време

Па дел од одговорите на оваа прашање мислам дека ги кажав и погоре во моите објаснувања. Родителите треба да се носат со денешното време во секој аспект од животот и да се пружи на детето доволно а да не прерасне тоа во така кажано разлигавеност кај детето. А тоа најчесто се случува кога родителот сака да си ја покаже својата финансиска сила преку детето.

Каков совет им давате на младите родители, на што треба да обрнат најмногу внимание?

Денешниот човек треба да сфати дека не сме дојдени на овој свет сами, сами да живееме за себе и сами да умреме. Ни треба семејство , тоа семејство треба да се создаде и изгради. Затоа нека се раѓаат деца и нека не се плашат од обврски. Овој живот е краток, но има време за се.

фото/Приватна архива

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button