Реклама
Наши ѕвезди

Мики повторно најдобар во Ѕвездите на Гранд, без конкуренција – Цеца никогаш посреќна (видео)

„Сакам да те гледам на сцената, тука си крал“

Реклама

Мики повторно растури во „Ѕвездите на Гранд“

Мики Секуловски оваа сабота настапи во дуело со Дејан Дачевиќ, освојувајќи максимален број гласови од страна на жирито.

Настапот на Мики меѓу првите го коментираше Ана Бекута, која истакна дека посебно и се допаднало тоа како ја пее песната „Рујна Зора“.

Маркетинг

„Прв пат слушам ваква интерпретација и пристап кон песната, три стилови, рок, поп и така понатаму, За Дејан се уште важи дека е добар пејач на народна музика, но имаше несреќа со овој силен и пресилен кандидат“, порача познатата фолк-пејачка.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И Саша Поповиќ беше презадоволен од настапот на велешанецот, па по излагањето на Бекута го праша дали има завршено опера, по што Мики му одговори дека завршил оперско пеење.

По неговиот одговор следуваше громогласен аплауз, а Цеца се уфрли и додаде дека тие имаат уште изненадувања.

Инстаграм/ Мики Секуловски

„Нема сите кецови што ги имаме да ги отвориме вечерва“, коментираше менторката на Мики презадоволна од неговиот настап.

Сличен став имаше и Ѓорѓе Давид, кој за Мики го изјави следново:

„Меѓутоа, ова животно лево, ако Црногорците го слушнаа третиот дел ‘Још не свиче рујна зора’, тогаш тие така аранжмански ќе го направат и ќе направат химна. Тоа е нешто што јас никаде не сум го слушнал, никогаш, а многу тоа имам слушнато. За тебе сцената е природна состојба, не сакам приватно воопшто да зборувам со тебе, сакам само да те гледам на сцената, тука си крал“, изјави познатиот рокер.

На крај, откако и останатите членови на жирито го коментираа настапот на пејачите, се огласи и цеца, која само кажа:

„Мики, што да ти кажам. Браво. Браво. Браво“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button