Реклама
Наши ѕвезди

Мики во Белгија беше келнер, но се врати дома и стана ЅВЕЗДЕТИНА – целиот Балкан сега го обожава

А Цеца е пресреќна што го има во својот тим!

Реклама

Еве каков е велешанецот Мики Секуловски приватно, далеку од камерите и рефлекторите – пејачот што важи за еден од најголемите фаворити во шоуто откри детали за него 

Откако првпат се појави во „Ѕвездите на Гранд“, Мики Секуловски стана еден од омилените пејачи на гледачите ширум регионот.

Многумина за него велат дека веќе е ѕвездетина, а неговата менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ е пресреќна што го има во тимот.

Маркетинг

Мики со своите енергични настапи и извонредни вокални способности ги освои сите, а важи и за еден од најголемите фаворити во шоуто.

По неговиот прв настап Саша Поповиќ му порача дека доколку продолжи вака да напредува во шоуто не само што ќе собере пари да ја доврши куќата во неговиот роден град, туку ќе има за уште две, а Ѓорѓе Давид уште тогаш му порача дека веќе го гледа во финалето.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Мики секако дека не ги разочара ниту жирито, ниту пак гледачите, а во едно од последните интервјуа откри дека може да биде и подобар.

Како што самиот изјави за „Гранд.онлајн“, тој е задоволен од својот последен настап, но се надева дека ќе биде и подобар, а што се однесува до песните, велешанецот откри како и со кого ги избира.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Песните секогаш ги избирам со Цеца, нешто ќе предложам јас, а нешто таа па ќе пронајдеме заеднички јазик. Тука е секогаш и Ивана Петерс која ни помага, некако гласаме сите и тогаш ја избираме песната со која ќе се претставам, објасни пејачот пред камерите на „Гранд“.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој исто така истакна и дека никогаш не вежба пред своите настапи, туку сето тоа го прави природно.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Можеби ме носи адреналинот, па ќе направам некои работи на сцената кои инаку не би ги направил. Приватно сум повлечен и многу мирен“, откри Секуловски за „Гранд“.

Како изгледаше тој на своите настапи во ова популарно шоу, погледнете и потсетете се во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button