Реклама
Холивуд

Меланија по средбата со првата дама на Македонија се облече во црно – на важниот собир одби да седи покрај децата на Трамп!

Реклама

На Општото собрание на Обединетите нации присуствуваше и децата на Доналд, Ерик, Иванка и Тифани Трамп, како и сопругот на Иванка, Џаред Кушнер.

Откако во Белата куќа го угости и македонскиот претседателски пар (види тука), првата дама на Америка со сопругот отпатува во Њујорк каде присуствуваше на 73 заседание на општото собрание на обединетите нации.

Маркетинг

Таа изгледаше елегантно во црниот фустан-кошула со потписот на францускиот модна куќа Диор.

https://www.instagram.com/p/BoKV3bcFFBH/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

 

Во прашање е креација со јака и копчиња рамномерно сместени по целата должина на фустанот, а впечаток на кошула во форма на фустан се постигна со деталите и џебовите украсени со копчиња. Таа и овој пат како и при фотографирањето со Ѓорѓе и Маја Иванови кога носеше црн фустан, својата линија ја истакна со ремен стегнат околу половината.

Но она што го забележаа медиумите е дека поранешната манекенка на заседанието на кое присуствуваше со децата на Доналд, Ерик, Иванка и Тифани Трамп, како и сопругот на Иванка, Џаред Кушнер, одлучи да седне подалеку од кланот на нејзиниот сопруг Доналд Трамп.

Најстарата ќерка на Доналд која воедно е и советничка во владата, Иванка, за заседанието на општото собрание на Обединетите нации се појави во сив, кариран комплет кој многу потсетува на минатогодишното издание на Меланија за собранието кога се појави во костум со идентичен дезен и боја со потписот на култниот Келвин Клајн.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button