Реклама
Холивуд

Меган и Хари се разведуваат во тајност?

Реклама

Британците во шок од овие вести …

Војвотката од Сасекс, 38 годишната Меган Маркл и нејзиниот три години помлад сопруг, Хари, изгледа со полни гради уживаат во брачниот живот и среќата со нивното седуммесечно бебенце Арчи.

Маркетинг

Тие и покрај критиките упатени кон нив од кралскиот двор, Божиќните празници ги поминаа во САД, а потоа заминаа во Канада каде уживаат во семејните радости.

Но ако му веруваме на таблоидот „New Idea“, нивниот однос и не е толку идиличен. Имено, овој медиум тврди дека Меган и Хари наводно во тајност се разведуваат, и постапката ја започнале пред три месеци.

Маркетинг

Според нив, тие на својот одмор во Америка и Канада речиси воопшто и да не беа заедно. Според гласините што ги објави овој медиум, главната причината за нивните несогласувања е преголемиот стрес поврзан со доаѓањето на приновата, но и аферата во која се нашол принцот Андру, кој е обвинет за заведување и злоставување на малолетни лица, Принцот Хари, наводно, дал се’ од себе за да го среди односот помеѓу него и неговата сопруга, но неуспешно.

Од друга страна, Меган и Хари се уште се немаат огласено за овој трач, а нивниот однос во јавноста е одличен и со ништо не покажуваат дека меѓу нив двајцата нето не е во ред. Тие првиот ден од новата година го поминаа во заедничко планинарење низ Канада, а објавија и прекрасна фотографија со малиот Арчи, која што ја направи самата Меган.

https://www.instagram.com/p/B6v_KOtJinF/

 

Затоа овие информации сега за сега се само гласини кои најверојатно немаат никаква врска со реалноста.

Извор: Story.hr

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button