Реклама
Наши ѕвезди

Мартин од „Некст Тајм“ рипна во тавче – погледнете каква убавица е невестата, блескаше во венчаницата

Популарниот музичар заплови во брачните води со македонската ракометарка.

Реклама

Мартин Филиповски или во јавноста познат како Мартин „Некст тајм“ викендов ја круниса љубовта со ракометарката Андреа Белеска.

Во септември минатата година Мартин ја запроси својата сакана со која заедно во врска се 8 години.

ФОТО: Инстаграм / Мартин Филиповски

Поради професионалните ангажмани на македонската ракометарка, нивната врска извесен период функционираше на далечина, но кога има љубов не постојат препреки.

Белеска потекнува од Кичево, беше дел од Металург во Македонија, а во странство настапуваше за турскиот Јенимале, романската Валчеа, шведскиот Боден, грчкиот ПАОК.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Мартин Филиповски

Мартин и неговиот брат Стефан се дел од дуото „Некст тајм“ во кое Мартин свири на гитара, додека Стефан е водечкиот пејач.

И двајцата не се многу активни на социјалните мрежи и ретко споделуваат фотографии од својата приватност.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Мартин Филиповски

Викендов тие си ја крунисаа љубовта со брак, а фотографии од свадбата споделуваа нивните пријатели на социјалните мрежи.

Стефан објави прва нивна заедничка фотографија и се пофали: „Го дадовме, ја земавме. Честитки“, напиша тој.

ФОТО: Инстаграм / Мартин Филиповски

Невестата за оваа прилика избра сирена венчаница, елегантна и класична, а шминката и фризурата ја истакнуваа нејзината природна убавина.

Мартин пак покрај неа блесна во бело сако и црни панталони.Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Стефан Филиповски

ФОТО: Инстаграм / Мартин Филиповски

ФОТО: Инстаграм / Мартин Филиповски

ФОТО: Инстаграм / Мартин Филиповски

ФОТО: Инстаграм / Мартин Филиповски

ФОТО: Инстаграм / Мартин Филиповски

ФОТО: Инстаграм / Мартин Филиповски

ФОТО: Инстаграм / Мартин Филиповски

ФОТО: Инстаграм / Мартин Филиповски

ФОТО: Инстаграм / Мартин Филиповски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button