Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда со поддршка за Ѓорѓе по НЕСРЕЌАТА: „Немам зборови за преголемата болка!“

Изрази и сочувство до семејството на починатата жена

Реклама

Познатиот музичар Ѓорѓе Давид добива голема поддршка од своите колеги по тешката сообраќајна несреќа во која што прегази жена.

Пејачот моментално престојува во Македонија, а одземени му се личните документи за да биде присутен на истрагата.

До несреќата дојде откако едно возило кое се движело во недозволена насока предизвикало судир на автопатот Куманово-Табановце, а потоа на нив налетал музичарот и ја покосил жената што била излезена од автомобилот што ја предизвика сообраќајката и се движела по автопатот. Пејачот беше полесно повреден во несреќата, но како што пренесуваат медиумите, според извори од негови блиски, иако физички закрепнал, тој сега минува низ многу тежок период.

Маркетинг

Инстаграм/ Ѓорѓе Давид

Од овие причини поддршката во овие тешки моменти му значи многу, а по победничката во „Ѕвездите на Гранд“, Славица Ангелова, на која и беше ментор, се огласи и Александар Јосифовски.

Маркетинг

Инстаграм/ 192.рс

Младиот музичар од Охрид кој моментално е на турнеја во Америка со Неда Украден преку објава на „Инстаграм“ му испрати поддршка на својот ментор кој најмногу му помогна кога му беше најтешко.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тој сподели заедничка фотографија, но и емотивна порака која никого не остави рамнодушен.

„Знам дека се што поминува низ животот .Бог ни го дава да биде така, во оваа тешка ситуација… Кој би рекол, што би рекол? Гледам и многу погрешни коментар упатени кон Ѓорѓе Давид, дали тоа сакал лично да му се случи? Секако дена не… Сакам да изразам длабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите и брзо оздравување на повредените, таа болка е неизмерна“ вели пејачот во својата објава,, а потоа го додаде и следново:

„Ѓорѓе го познавам веќе 5 години како човек и ги познавам неговите намери на приватен и бизнис план, беспрекорен, искрен и чист како солза, Нема зборови да се објасни преголемата болка, сочувство до семејството на загинатите и брзо закрепнување на повредените. Јас секогаш верувам во Бог и божјата волја“, додаде Јосифовски, а и неговиот ментор ја „шеруваше“ објавата.

Инстаграм/ Ѓорѓе Давид

Потсетуваме, пејачот кој моментално минува низ агонија заради она што му се случи, во минатото имаше уште една тешка сообраќајна несреќа која му го промени животот.

Инстаграм/ Ѓорѓе Давид

Имено, неговиот татко загинува во нерасветлена сообраќајна несреќа, која Ѓорѓе имаше сам 14 години.

Во автомобилот во кој загинал неговиот татко, кој бил на висока политичка функција, бил и самиот Ѓорѓе.

Оваа сообраќајна несреќа предизвика голема траума во неговиот живот, така што сега сигурно ќе му биде потребна стручна помош за да го преброди тешкиот период што го очекува.

И тоа повторно заради сообраќајна несреќа во која загинува жена, а која беше прегазена од него.

„Како е живее со тоа, само тој знае“, вели за него оние што му даваат поддршка во овие тешки моменти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button