Реклама
Новости

Македонската Гранд ѕвезда скршена од болка заради земјотресот – ТАРЧУЛОВСКА испрати апел, време е да бидеме хумани!

Реклама

Веста за страшниот земјотрес кој срамни цели населби во Турција и Сирија го потресе целиот свет.

Фото: Приватна архива

Според последните вести на светските агенции известувања земјотресот бил со јачина од 7.8 степени според Рихтер и во него загинаа повеќе од 5000 луѓе.

Фотографиите и снимките од ужасот и апокалипсата што им се случи на сите оние што беа погодени од несреќата го заокружија светот, а корисниците на социјалните мрежи ширум светот се обидуваат на некој начин да придонесат и да му дадат поддршка на напатениот народ.

Меѓу нив се и бројни ѕвезди од нашиот регион кои преку своите профили на Инстаграм споделуваат линкови за донација.

Маркетинг

Една од нив е и новата македонска „Гранд ѕвезда“, младата пејачка Мелани Тарчуловска која сподели меѓународен пост за донација за погодениот регион.

Фото: Инстаграм

Целиот свет е потресен од оваа случка, а тешките услови и ниските температури дополнително им создаваат проблеми на спасувачките екипи кои макотрпно се обидуваат да им помогнат на преживеаните.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Како што пренесуваат медиумите и светските новински агенции, само во Турција настрадале повеќе од 3419 луѓе, а се стравува дека вкупниот број на жртви би можел да премине и преку 20.000.

Неколку видеа и фотографии од кои на многумина им се насолзија очите

Погледнете како спасувачот му дава вода во тапа од шише на малото момче кое е заглавено под рушевините.

Сестричката ги моли спасувачите да ја спасат неа и нејзината сестричка и им ветува дека засекогаш ќе им биде благодарна.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button