Реклама
Новости

Најрадосната објава на пејачот Никола од престојот во Македонија: „Христос Воскресе, Бог да ве благослови!“

Сите се воодушевени од хуманиот подвиг на познатиот пејач

Реклама

Пејачот неколку пати се огласи од Македонија

Пејачот Никола Роквиќ по две недели пат пристигна во Македонија каде заедно со семејството го помина најрадосниот христијански празник.

Тој во петокот ја помина границата, а велигденските празници ги помина во Штип од каде што продолжи да ја оствари својата мисија.

Маркетинг

Тој во дворот на црквата Свети Архангел Михаил во Штип се сретна и со својата мајка Славица Роквиќ, која цело време му е голема поддршка, а емотивната фотографија од мајката и синот ги воодушеви сите.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Од фотографијата можеме да видиме како Славица му се радува на својот син и колку е горда на неговиот потфат.

Таа заедно со останатите членови на семејството го поддржуваат Никола на патот кон остварување на целта.

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

„Мајкичка“, напиша Никола и покажа колку ја сака својата мајка, а емотивната глетка никого не остави рамнодушен.

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Потсетуваме, Никола на 22 април ја започна својата хумана мисија кога пешки тргна кон островот Егина во Грција на поклонение во Манастирот на Свети Нектарие Егински, и тоа со посебна цел.

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Никола заедно со својата сопруга Бојана основаше фондација „Семејство“ и со парите што ќе ги соберат во рамките на овој хуманитарен подвиг на пејачот ќе реновираат дел од детската онкологија.

Како што истакнува пејачот, средствата ќе бидат употребени за купување на апарати за рана дијагностика на рак на мозокот кај најмладите пациенти, а во своето последно јавување откри дека досега веќе собрале преку 15 милиони динари, односно околу 130.000 евра.

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Како што самиот Никола откри во едно од своите последни обраќања, направено во Македонија, тој преминал преку 500 километри и собрал 15 милиони динари за педијатирската онкологија и детската радост

„Фала му на Господ презадоволен сум и повеќе од што очекував! Доволен е еден мал чекор на човечкото срце и благословена желба. Господ многустрано наградува и ја прикажува апсолутната уметност и убавина на моментите! На овој пат се обидувам да го најдам доброто, да гледам со добар поглед и да барам во луѓето добро! Се обидувам да не судам! Господ ми дава увид во секој човек што ќе го сретнам да го видам како свој најблизок! Ја гледам убавината во несовршеноста човечка, чувствувам радост при поглед на дечињата и старците… И сите ми се браќа и сестри!“, вели Никола во своето обраќање.

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

„Секој ден е еден живот! Живот полн со Бог, љубов, радост, милост и почит. Затоа барајте добро, не вртете се по лошите работи, зборови, погледи… Единствено така доброто на чудесен начин ќе се всели во вашите срца. Ве сакам! Бог да ве благослови, Христос Воскресе“, додаде Никола во своето обраќање.

Никола со семејството

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Фото: Инстаграм/ Никола Роквиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button