Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда папараците го фатија со најголемиот фраер во регионот (фото)

Популарниот пејач гостуваше и на еден од неговите настапи во Црна Гора

Реклама

Без да планира се најде во негово друштво

Младиот пејач од Македонија, Огнен Здравковски, се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ каде стигна до финалето.

Тој деновиве реши да си ги наполни батериите по бројните настапи, па ги спакува куферите и замина во Црна Гора.

Маркетинг

Екипата на „Гранд.онлајн“, таму го фати на една плажа на Херцег Нови, каде беше во друштво со една голема поп ѕвезда.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Во прашање е неговиот колега Саша Ковачевиќ кој беше и на неколку настапи што Огнен ги имаше деновиве на црногорското приморје.

Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Тие веќе со години се дружат и се блиски, а Огнен за „Грнд.онлајн“ откри дека одлично си поминале заедно.

Огнен нстапува, а на сцената е и Саша Ковачевиќ

Огнен и Саша заедно на сцената

„Бев неколку дена на море да се одморам, а Сале доаѓаше на моите настапи. Подоцна бевме на плажа и заеднички ручек со пријателите“, изјави Огнен за „Гранд.онлајн“.

Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Саша Ковачевиќ наскоро на лудиот камен?

Инаку, Саша Ковачевиќ, неодамна пред новинарите зборуваше за својата кариера, но откри и неколку детали од приватниот живот.

Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Имено, тој веќе седум годни ужива во складна врска со манекенката Зорана Тасовац, па зборуваше и за нивната венчавка.

„Ние не сме од тие што би правеле класична веселба од 300, 500 и 1000 гости. Секако сме ликови што сакаат интима и да остават сé за себе. Така што претпоставувам, што се однесува до мене, секогаш би било некој интимна церемонија со 10, 15 луѓе, тоа да биде во најтесниот круг на семејството и пријателите“, изјави Саша.

Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ

Тој потоа откри и дали неговата избраничка е љубоморна на атрактивните девојки од неговите спотови.

Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ

„Во оваа врска немам проблеми со тоа. Мојата поубава половина може да го разграничи деловниот дел од приватниот живот“.

Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ

„Ние сме пар кој не се штеди кога се комплименти во прашање, тоа кај нас е секојдневно и обострано“, изјави тогаш Ковачевиќ.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Инаку, малкумина знаат дека Тасовац порано беше во брак со Богдан Срејовиќ, поранешното момче на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Фото: Инстаграм/ Саша Ковачевиќ

Богдан и Зорана од нивниот брак ја имаат ќерката Искра, која сега живее со мајката, а се разделија поред седум години.

Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски

Нивниот брак траеше кратко, но и денес се гледаат и се согласуваат одлично. Тоа впрочем може да се види и на фотографиите што Богдан често ги објавува на својот профил на социјалните мрежи, а на кои тој покрај ќерката е заедно и со неговата поранешна сопруга и нејзиниот сегашен партнер, Саша Ковачевиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button