Реклама
Холивуд

Кралица! Се појави и го покори Париз – се прошета по улиците и ни одржа лекција како да ги носиме новите есенски трендови

Реклама

Стилизирани бранови во косата и минималистичка шминка која прекрасно го заокружија ова сензационално издание на 31 годишнината актерка која сите ја обожаваат.

Блејк Лајвли, сопругата на Рајан Рејнолдс, важи за една од најдобро облечените актерки во Холивуд, а тоа повторно го покажа и во модната престолнина Париз.

Маркетинг

Имано, убавата дама и мама на две девојчиња, Џејмс и Ајнес, овие денови има полни раце работа околу својот најнов филм „A Simple Favor”, а по низата сјајни изданија во ефектни костуми, атрактивната русокоса ја покажа и својата женствена страна и го раздрма улиците во Париз.

Имено, Блејк на совршен начин ја комбинираше свилената кошула со преубаво здолниште со „А-крој“ зачинето со интересен принт и тренди чизмички со врвки кои секоја девојка што ги следи модните трендови би сакала да ги има во плакарите. Комбинацијата ја заокружи со чанта во светлозелени тонови со потписот на Диор и лежерно врзана марама со златни нијанси.

Маркетинг

Косата стилизирана во шик бранови и минималистичка шминка со која убаво го заокружија нејзиното сензационално издание поради кое модните експерти имаа само пофални зборови за оваа 31 годишна убавица

Блејк веќе шест години е во складен брак со актерот Рајан Рејнолдс и важи за еден од најскладните парови во Холивид. „Не дозволуваме деловните обврски и снимањата да ни се преклопуваат. Тоа значи кога еден од нас снима филм, другиот не работи, и обртно“, ни ја откри во една пригода тајната за среќен брак оваа убава русокоса убавица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button