Реклама
Вирално

Како Шведска без карантин и задолжителни маски стана земја со најмалку заразени од почетокот на епидемијата, еве што вели архитектот на шведскиот модел

Реклама

Иако многу европски земји бележат пораст на стапки на зараза од коронавирус до степен каков што немаше и во пикот на пандемијата од ковид-19, Шведска, која зазеде полежерен и поинаков пристап од останатите земји, забележува и најмал број дневни случаи откако се појави вирусот, пишува Гардијан.

Фото: Profimedia

Седумдневниот просек на нови случаи во оваа скандинавска земја во вторникот беше 108, што е најниско ниво од 13 март. Податоците на шведската национална здравствена агенција покажуваат дека само 1,2 отсто од 120.000 тестови направени минатата недела, се вратиле позитивни.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болестите (ЕЦДЦ), 14- дневниот кумулативен вкупен број на нови случаи во Шведска изнесува 22,2 на 100.000 жители, наспроти 278,8 во Шпанија, 158, 5 во Франција, 118,з во Чешка, 77 во Белгија и 52,9 во Велика Британија, што во тие држави резултираше со целосно заклучување оваа пролет. Во Хрватска во изминатите 14 дена забележани се 81,7 нови случаи на зараза на 100.000 жители.

Маркетинг

Шведска исто така има помалку нови дневни инфекции од Норвешка или Данска, своите нордиски соседи. Тринаесет пациенти со ковид-19 се наоѓаат на интензивна нега во шведските болница, а седумдневниот пресек на сmртни случаи поврзани со коронавирусот е нула.

Маркетинг

-Немаме повторно избивање на болеста каква што имаат многу земји, рече Андерс Тегнел, главен епидемиолог и архитект на шведската стратегија која не вклучуваше карантин, во интервју за француската телевизија Франс24, додавајќи дека земјата главно е задоволна од неговата целокупна стратегија.

– На крајот ќе видиме колкава разлика ќе има стратегијата која е одржлива и која можете долго да ја задржите, наспроти стратегијата која значи да се заклучите, отворите, па пак да се заклучите и сето тоа пак наново.

За разлика од многу земји, Шведска ги затвори училиштата за постарите од 16 години, но училиштата за помладите ученици ги држеше отворени, инсистирајќи на нормално одење на настава. Училиштата и Универзитетите сега се повторно отворени.

Исто така Шведска забрани собири на повеќе од 50 луѓе и им наложи на луѓето постари од 70 години и различни групи да се самоизолираат.

Инаку, од 10 милиони жители побарано е, наместо да им биде наредено, да го почитуваат физичкото дистанцирање и ако е можно да работат од дома, што главно и се правеше. Продавниците, баровите и теретаните останаа отворени, а носењето маски до сега не е препорачувано, ниту пак пропишано.

Тегнел инсистираше дека целта не е постигнување имунитет на стадо, туку успорување на ширењето на коронавирусот доволно за здравствените служби да можат да се снајдат со тоа. Исто така рече дека стратегијата на Шведска може да се покаже долгорочно одржлива.

Шведскиот пристап на најде на удар на критиката во земјата и странство на почетокот на оваа година како што порасна бројот на смртни случаи.

Во Шведска бројот на nочинати од коронавирус е 547 на милион жители, што е пет пати повеќе од данскиот и десет пати поголем од норвешкиот и финскиот, но понизок од некои земји кои наметнаа блокади, како Велика Британија, Шпанија и Италија.

Тегнел за Франс24 рече дека така висока стапка на сmртност во земјата не е поврзана со нејзината вкупна стратегија, туку со неуспехот во справувањето на катастрофалното ширење на вирусот во домовите за старци, каде се случија повеќето од 5.846 смртни случаи. Секако дека тука нешто тргна на лошо, рече тој.

Тамошната влада во вторникот соопшти соопшти дека од октомври се укинува повеќемесечната забрана за посети во домовите за старци. Министерката за социјални прашања Лена Халенгрен рече: – Ризик е кога ќе ја укинеме забраната. Сега сакам сите да преземат одговорност.

Јохан Карлсон, генерален директор на шведската агенција за јавно здравство, исто така рече минатата недела дека стратегијата успеала зошто значела дека пораките до јавноста биле јасни и доследни, ставајќи акцент на личната одговорност.

– Целта на нашиот пристап е дека луѓето сами мора да ја сфатат потребата да ги следат постоечките препораки и насоки, рече тој. – Нема други трикови, пред другите медицински мерки, пред се вакцината, да станат достапни. Шведската популација ги разбра овие пораки.

Јонас Лудвигсон, професор по епидемиологија на почитуваниот институт Каролинска во Стокхолм рече: – Шведската стратегија беше доследна и одржлива. Веројатно сега имаме помал ризик од ширење на заразата во споредба со другите земји.

Франција во саботата забележа 10.561 нов случај во еден ден, што е најмногу од почетокот на пандемијата. Шпанија исто така забележа алармантен пораст и на почетокот на овој месец стана прва земја од западна Европа која пријавила 500.000 случаи.

Чешка во неделата извести за својот најголем еднодневен пораст на нови инфекции трет ден по ред, додека Велика Британија исто така забележа пораст на бројот на дневните случаи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button