Реклама
TV

Каде го најдоа актерот ист како ПЕЈАЧОТ: По ТОМА и Џеј Рамадановски добива филм!

Тој е роден во Белград, а потекнува од ромско семејство доселено од Македонија.

Реклама

По мегапопуларниот филм „Тома“ кој го заобиколи регионот, српската  филмска сцена се закитува со уште едно филмско остварување. Уште еден естраден уметник добива овековечување преку екранизација на животната приказна.

Детството, младоста, кариерата и успехот на Џеј Рамадановски ќе бидат прикажани во новиот филм „Недеља“.

Маркетинг

Биографскиот филм го носи името по неговата популарна песна „Недеља“, а го означува и денот на неговата смрт.

Маркетинг

Филмот „Недеља“ го следи животот на еден од најпопуларните пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост до големиот успех што го постигнал.

 

Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица или во поправен дом, Џеј успеал да го заземе своето место на музичката сцена и преку своите песни стана дел од животот на многу луѓе.

Ќерката на Џеј , Марија Рамадановски, за филмот рече:

Се надеваме дека филмот ќе биде добар, вистинит и како што заслужува татко ми. Се согласувам дека неговиот живот е за филм. Се друго останува на режисерите, актерите и како ќе го претстават, рече таа.

Филмот е создаден по идеја на продуцентот Владан Анѓелковиќ и сценаристот Стефан Бошковиќ.

Најголемо внимание привлече актерот Хусеин Алијевиќ, кој ја има главната улога, а кој  премногу личи на Џеј.

Каде го најдоа, ист како него! се дел од коментарите.

Актерската екипа ја сочинуваат: Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Маша Ѓорѓевиќ, Милица Јаневски, Стојша Ољачиќ, Бајрам Северџан, Нела Михај и други“ – стои во описот на трејлерот.

Џеј почина на 56-годишна возраст во 2020 година, а како причина за смртта беше наведена срцева слабост.

Тој е роден во Белград, а потекнува од ромско семејство доселено од Македонија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button