Реклама
Холивуд

И покај тоа што некои Македонки не би се согласиле, модните експерти се едногласни – хеланки НИКАКО не се носат во вакво издание!

Реклама

Познатата актерка Ева Лонгорија се прошета во Градот на светлината во „all-black“ издание, но соеден детаљ создаде поприлично евтин впечаток.

И во нашите градови кога низ центарот ќе сретнеме девојка стилизирана на овој начин ќе кажеме исто како и за познатата актерка – таа е скарана со модата. Ако погледнете подобро ќе видите дека изгледа евтино.

Маркетинг

Хеланки, џемпер и плитки чизмички навистина се комбинација која исклучиво треба да ја носите кога одите од дома до продавница и назад, или евентуално кога ќе скокнете на кафенце до Мики или Мила од седми кат.

Маркетинг

Но вака дефинитивно не!

И без разлика што во прашање е црно од глава до пети, и во прашање е тренди „оверзајс“ џемпер со реси на ракавите (предимензионираните џемпери инаку мнооогу ги сакаме, особено откако температурите нагло го променија курсот), и иако носи „cross body“ торбичка со сребрен синџир (можеби единствениот детаљ што малку отскокнува во ова издание), сепак, ништо од сето ова не можеше да помогне и да му помогне на ова неверојатно лошо издание.

Нејзините обични памучни хеланки едноставно ги намалија сите шанси на минимум ова да биде една добра есенска комбинација.

Што мислите вие?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button