Реклама
Новости

Исплива првото видео од тајната венчавка на ќерката на Цеца – пејачката блеска, изгледа како милион долари

Наследничката на балканската фолк-дива се снимаше непосредно пред да застане под олтарот

Реклама

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ се заколнаа на вечна љубов пред Господ.

Познатата пејачка и фудбалерот своето судбоносно „ДА“ го изговорија во еден манастир во близина на Белград.

Оваа вест одекна како бомба во медиумите, а Анастасија сега го објави и првото видео од венчавката и ги воодушеви своите бројни фанови.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

Имено, откако на социјалните мрежи исплива фотографија од која можевме да видиме како изгледаше таа и нејзиниот сакан на овој важен ден, младата пејачка сега објави видео од автомобилот, настанато непосредно пред самата венчавка, и го покажа преубавиот фустанот што го носеше за овој посебен ден во нејзиниот живот.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

„Изгледаш како милион долари“, „Блескаш“, беа само некои од коментарите што таа ги доби под видеото.

Инаку, на венчавката во црква на Анастасија кума и беше нејзината најдорба пријателка, убавата актерка Тара Милутиновиќ, а повеќе за оваа вонсериска убавица со која пејачката се дружи од своја најрана возраст, можете да прочитате тука.

Фото: Инстаграм

Ќерката на Цеца за овој посебен ден наместо класична венчаница избра фустан со потписот на познатиот бренд Ланвин, кој на интернет може да се најде по цена од 2780 фунти, односно 3255 евра.

Ланвин

Пејачката на нозете носеше сандали од брендот Џими Чу (моделот Роси). Сандали од овој бренд ги обожаваат Кејт Мидлтон и кралицата Летиција, а можат да се најдат во продажба за 725 евра.

Џими Чу

Како изгледаше Анастасија во ова свое издание, погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button