Реклама
Холивуд

Жена змеј – Опра Винфри донираше 10 милиони долари за борба против коронавирусот

Реклама

Опра Винфри објави дека ќе донира 10 милиони американски долари за поддршка во борбата против корона вирусот во Соединетите држави, што ќе вклучува и обезбедување храна за загрозените Американци.

Винфри, една од најбогатите и највлијателните жени во Америка, информацијата ја објави преку социјалните медиуми.

Маркетинг

„Јас ќе донирам 10 милиони долари за да им помогнам на Американците во оваа пандемија во градовите низ целата земја и во областите каде што пораснав“, напиша таа.

Винфри (66) е роден во сиромаштија во Мисисипи и порасна во Милвоки и Тенеси.

Маркетинг

Дел од парите се наменети да се обезбеди храна за најранливите од епидемијата, вклучително и деца кои зависат од храната што ја добиваат во сега затворените училишта и растат во сиромашните семејства, но и за постарите и невработените, чиј број драматично се зголеми.

„Сеуште се сеќавам на моето детство во Милвоки и на мајка ми со која примавме социјална помош и понекогаш ни требаше помош само семејството да може да преживее. Во вакви моменти како сега, многу семејства се загрозени“, напиша Винфри на својот профил на социјалните мрежи.

Пинк е позитивна на коронавирусот и ќе донира 500.000 долари

Познатата американска пејачка Пинк објави дека е позитивна на коронавирусот, како и дека ќе донира по 500.000 долари за две служби за итна помош.

Таа на Твитер напиша дека заедно со нејзиниот тригодишен син почувствувале симптоми пред две недели, по што била тестирана.

Добитничката на наградата Греми се залага за слободно и масовно тестирање.

– Неуспех е на властите што тестовите не се достапни. Оваа болест е сериозна и реална. Луѓето мораат да знаат дека ги напаѓа и младите и возрасните, и здравите и болните, и богатите и сиромашните. Затоа тестовите мораат да бидат широко достапни, за да ги заштитиме нашите деца, семејства, пријатели и општеството, истакна Пинк на социјалните мрежи.

Таа додаде дека членовите на нејзиното семејство се веќе во домашна изолација и се негативни на Ковид-19.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button