Реклама
Холивуд

Еве како ќе се вика кралското бебе на принцот Хари и Меган Маркл

Реклама

Новороденото бебе на принцот Хари и Меган Маркл ќе се вика Арчи Харисон Маунтбатен – Виндзор.

Името на малиот принц Арчи беше официјално соопштено од страна на Бакингемската палата откако најпрво пред новинарите позираа принцот хари и неговата сопруга Меган Маркл. Тоа беше нивното прво појавување пред новинарите со бебето кое што се роди во понеделникот, и двајцата опишувајќи го чувството на родителство како магично.

Маркетинг

Бебето беше замотано во бело ќебенце, со бело капче и беше претставено пред мала група на новинари . „Магично е. Навистина е неверојатно да имате двајцата најдобри мажи покрај себе“, изјави новопечената мама Меган.

Маркетинг

Една интересна анегдота со името на кралското бебе која на пресладок начин е поврзана со малиот принц Џорџ

Интересно е тоа што името Арчи досега можеше да се слушне во кралските кругови, и тоа од малиот принц Џорџ.

Имено, во една пригода најстариот син на војвотката и војводата од Кембриџ, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, откри дека неговиот прекар е Арчи.

Настанот се случи кога една Британка додека го шетала своето куче во паркот, случајно ги сретнала младиот принц, кој се шетал во близина со својата баба Керол и сестрата Шарлот. Во таа пригода Британката разменила неколку зборови со малиот Џорџ, и во еден момент го прашала како се вика, иако тоа очигледно го знаела, а неговиот одговор ја изненадил тогаш неа, но потоа и целата британска јавност.

„Ме викаат Арчи“, и кажал малиот принц со голем насмевка на лицето. „Не знам зошто самиот себе се нарекува Арчи, но децата често се играат со своите имиња и мислам дека тоа е слатко“, заклучи тогаш жената.

Британските таблоиди тогаш се прашуваа дале е тоа прекарот со кој го нарекуваат малиот Џорџ бидејќи е познато дека членовите на кралското семејство понекогаш меѓу себе се нарекуваат со прекари. Така на пример за време на факултетот Вилијам го викале Стив.

Не е познато зошто Хари и Меган одлучиле да го крстат бебето Арчи, но според оваа анегдота повеќе од сигурно е дека принцот Џорџ ќе биде задоволен од тоа.

 

„Војводата и војвотката од Сасекс со задоволство објавуваат дека на своето прво дете му го дадоа името Арчи Харисон Моунтбатен – Виндзор. Нивното кралско височество ја запознаа Кралицата со нејзиното осми правнук. Присутни беа и војводата од Единбург и мајката на војвотката“, открија на Инстаграм новопечените родители Меган и Хари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button