Реклама
Наши ѕвезди

Еве зошто Боки нема никогаш да го заборави овој маж – и во најтешките моменти остана со него (фото)

Исплива фотографија на која Боки е со човекот што му е вистински пријател

Реклама

Боки му се врати на Инстаграм

Македонскиот шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, деновиве и официјално беше ослободен од сите обвинувања, па кривичните дела како перење пари и противправно стекнување на имотна корист повеќе не му се стават на товар.

Боки сега, како потполно слободен човек, за кого Апелациониот суд донесе одлука дека му се укинува пресудата за кривично дело измама, по жалбата што неговиот правен тим ја поднесе, се огласи преку Инстаграм.

Маркетинг

Имено, тој објави едно селфи од кое можеме да видиме како изгледа сега и ги изненади сите со оваа своја објава.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Тој се пофали со својот нов изглед на Инстаграм, а она што сите го забележаа е дека изгледа подобро од кога било досега. Со кратка руса коса и облечен во скапи алишта Боки му се врати на стариот живот, а како изгледаше, погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Боки објави и неколку селфи фотографии со неговиот пријател Сергеј Варошлија за кого ги напиша следниве зборови:

„Со човекот кој остана со мене и во најголемото зло… И не само што остана покрај мене, туку ми беше вистинска поддршка и ми пружи помош кога многу од пријателите „магично“ исчезнаа и одеднаш ми станаа непријатели. Те сакам засекогаш, Сергеј Варошлија“, напиша Боки на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Потсетуваме, пресудата со која Боки беше обвинет и осуден е укината и тој сега официјално е слободен од сите обвинувања.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button