Реклама
Наши ѕвезди

Ги спакува куферите и замина на планина – Андријана Јаневска ужива за сите пари во зимската идила

Еве зошто 2023 беше една од најубавите години во нејзиниот живот, но и како ја започна 2024

Реклама

Покрај бројните обврски, пејачката реши малку и да одмори и да се подготви за нови предизвици во животот.

Пејачката со своите следбеници на Инстаграм сподели фотографија од едно од најубавите места во Македонија.

Познатата пејачка, Андријана Јаневска, ги спакува куферите и замина неколку дена да се одмори во Маврово.

Маркетинг

Но таа и на ова преубаво место не заборави да им се јави на своите фанови, па веднаш сподели фотографија и едно стори.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Имено, шармантната пејачка реши неколку дена да се опушти и да ги наполни батериите, а како изгледаше во ова свое издание, со долга зимска јакна и насмеана под виножитото, погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Инаку, годинава што измина беше поприлично успешна за познатата пејачка. Таа заедно со Игор Џамбазов и нивната изведба на „Ми заплакало село Ваташа“ ја воодушевија публиката, посебно со настапот на „Златна бубамара“ со кој ја одбележаа годината.

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Беше дел и до овогодинешниот ревијален дел на  „Макфест“, а како што самата изјави за Гламур магазин, 2023 ќе ја памети како една од најубавите во нејзиниот живот.

„Оваа година беше една од најубавите во мојот живот. На професионален план докторирав и се вработив на УКИМ, а во текот на целата година имав навистина многу концерти и настапи низ цела Македонија и во странство“.

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

„Мој најдраг настап кој ја одбележа оваа година беше настапот на Златната бубамара, во дует со легендарниот Игор Џамбазов, со кого ја изведовме „Ми заплакало селото Ваташа“, изјави Андријана за Гламур магазин, на самиот крај од годината, годината во која таа освои и престижна награда во Лос Анџелес, САД, за најдобра пејачка на светот. Повеќе за ова прочитајте тука

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button