Реклама
Наши ѕвезди

Гавазова најавува спектакл за нашите иселеници од Швајцарија – Драгана Мирковиќ настапува со неа

Сузана Гавазова и Драгана Мирковиќ ќе настапат заедно, а со нив уште една балканска фолк-легенда

Реклама

Најавуваат вистински спектакл

Македонската фолк-ѕвезда Сузана Гавазова заедно со Драгана Мирковиќ и Мирослав Илиќ ќе имаат заеднички настап.

Станува збор за голем концерт што ќе се одржи на 18.05 во Берн, Швајцарија, за кој веќе се бара влезница повеќе.

Маркетинг

Гавазова ги изненади своите бројни следбеници на Инстаграм објавувајќи дека ќе настапува со балканските фолк легенди, а концертот го најави и кралицата на  фолк-музиката, Драгана Мирковиќ, која ги покани своите верни фанови преку Фејсбук.

Маркетинг
Принтскрин/ Фејсбук

Со нив ќе настапи и бардот на балканската народна музика Мирослав Илиќ, а концертот ќе се одржи во Eventhall Bern-Wankdorf.

Потсетуваме, Гавазова веќе неколку недели е на турнеја во Австралија заедно со групата Молика, Џамбо Агушев, Мишел Трајковски и Мајкл Карадаковски. Тие веќе имаа неколку успешни настапи пред нашите иселеници од оваа далечна земја, а од снимките што деновиве се вртат по социјалните мрежи можеме да заклучиме дека речиси сите овие забави беа луди и незаборавни.

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Салите каде што тие настапуваат се полни до последно место, а гостите цело време играат и пеат заедно со музичарите.

Како Гавазова изгледаше на некои од овие настапи, погледнете од фотографиите во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова

Фото: Инстаграм/ Мишел Трајковски

Фото: Инстаграм/ Мишел Трајковски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button