Реклама
Вирално

Внимавајте, можат да ви ги соберат сите пари – нова измама се шири во Македонија, ова никако не смеете да го направите

Преку СМС кружи превара, внимавајте да не бидете измамени

Реклама

Голем број граѓани од Македонија добиле СМС порака во која се вели дека е пристигнат нивниот пакет и дека треба да го подигнат.

„Вашиот пакет пристигна во нашиот магазин и не може да се испрати поради неточни информации за адресата. Ве молиме пополнете точни информации за адресата и ние ќе испратиме во рок од 24 часа“, пишува во СМС пораката што ја добиваат граѓаните на своите телефони.

Во продолжение на пораката е даден линк преку кој измамниците ги собираат информациите на своите потенцијални жртви.

Маркетинг

Оние што ќе ги пополнат бараните информации и ќе ги остават своите банкарски подароци ќе бидат оштетени и по неколку стотици евра, а слична превара кружеше на интернет и неодамна кога МВР апелираше до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами и никако да не ги испраќаат своите лични податоци на сомнителни страници на интернет.

Маркетинг

Целиот проблем настанува откако граѓаните е го отворат линкот во пораката, посебно доколку навистина чекаат пакет.

Па уверени дека на тој начин ќе ја подигнат пратката, ги оставаат своите лични подароци, па затоа доколку добиете СМС порака од ваков вид, а од непознат телефонски број, најдобро е да ја избришете пораката или да го блокирате бројот и никако да не ги внесувате вашите податоци.

Овие превари секогаш имаат иста матрица, па доколку подобро го погледнете бројот од кој е испратена пораката – ќе забележите дека тоа најчесто е некој непознат странски број.

А доколку навистина чекате пратка, тогаш пред да пополните било што јавете се најпрво во курирската служба преку која треба да ви пристигне истата и информирајте се за пакетот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button